Петок, 08 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Како и зошто е доведен Зоран Заев ,како е уценет и зошто е пуштен низ вода...

35296530 10156661449778313 5792828151113449472 nТони Петрушев

Како и зошто е доведен Зоран Заев ,како е уценет и зошто е пуштен низ вода...

Како Македонија стана жртва на туѓи разузнавачки игри и на сопствени погрешни проценки.

Македонија е многу поучен пример како проаѓаат државите кои што својата политика ја засноваат исклучиво на дипломатија, без потпора од своите разузнувачки служби.

Искусните државници знаат дека е тоа ,,лов во матно‘‘ или ,,пипкање во темница‘‘ во која што игра ве чекаат политички и дипломатски замки и афери.

Токму поради тоа искусните државници не тргнуваат и ништо не работат без разузнавачки подготовки и со што повеќе проверени и потврдени разузнувачки податоци.

Ништо не ви вреди ако потребните податоци ги добиете од пријателска држава ако немате своја разузнувачка служба која што истите ќе ги провери и верификува како точни. Во периодот на владеењето на Зоран Заев Македонија потполно го игнорираше и маргинилизираше својот разузнувачко-безбедносен систем, и тоа на крајот и се освети. Се е толку поучно што сигурно ќе се изучува на факултетите за безбедност и дипломатија.

ПОЛИТИЧКИОТ ГАФ НА ЗОРАН ЗАЕВ

Малку е да се каже дека политиката на Зоран Заев, онаа која што ја одреди судбината на државата и на македонскиот народ, се најде во длабока криза.Таа политика со одбивањето на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Македонија и Албанија, доживеа потполен дебакл.

Настанот се прикажува како општо изненадување и како стратегиска грешка на унијата која што ја предизвикал францускиот претседател Емануел Макрон со подршка на Холандија и Данска,само тоа не ја менува состојбата во која што се најде Македонија.

Заев и неговата проалбанска политичка гарнитура не кријат дека прифатиле баш се што од нив се барало во замена за примамливите ветувања. Потполно ја игнорираа вољата на македонскиот народ и ги погазија сите национални интереси на Македонците за да остварат еден-повластен влез во ЕУ и економски просперитет. Нивната идеја беше дека народот тек тогаш ќе ги разбере нивните драстични политички потези и ќе ги прифати како исправни.

АФЕРАТА ,,РЕКЕТ‘‘

Нечистата позадина на политиката на Зоран Заев потполно е разоткриена преку корупциската афера ,,Рекет‘‘,а неговата личност и карактер излегоа на површина со наместениот телефонски разговор на двајцата руски комичари кои што се преставија како украинскиот претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Првиот впечаток е дека маската на Заев му ја симнаа ветровите од Истокот,кои што на Балканов не се толку разорни како што се западните,само понекогаш гранчето на кое што седат западните пиони го кршат. Многу јасно се виде дека он е спремен да корумпира и да биде корумпиран и дека на тоа  гледа како нешто нормално и вообичаено.

Затоа не е ни чудо што низ аферата ,,Рекет‘‘ и врската со македонската ријалити ѕвезда  ,,Боки 13‘‘(Боки Тредичи) директно е вмешан во корупција и рекетирање од големи размери. Со аферата кредибилитетот не го загуби само Заев и неговата политичка гарнитура туку и државните институции затоа што една од главните актерки во аферата е шефицата на Специјалното јавно обвинителство на Македонија Катица Јанева.

Па сепак,многу малку е можно поради тоа западните моќници да ја спуштија рампата за влез на Македонија во ЕУ. Сите ние знаеме дека токму тие истите имаат послушници, а Заев сигурно е тоа, ги финансираат се додека не ги донесат на власт а потоа ги учат да крадат и да стануваат се покорумпирани, сето тоа уредно се документира и не им треба подобра уцена засекогаш да им бидат верни и послушни.

Заев овој удар го прифати многу тешко затоа што на власт го донесе институција од која што очекуваше безусловна подршка и толеранција, токму затоа безусловно и тој ги прифаќаше сите нивни игри и сугестии. Таков беше ,,дипломатскиот‘‘ договор.

Отворањето на пристапните преговори за него беше спас затоа што требаше да го одвлече вниманието на јавноста од непријатните афери. Меѓутоа тоа не се случи, затоа сега неуспехот е потполн и на внатрешен и на меѓународен план и на Заев му преостана само еден адут на кој што игра – Демократија???

Одлуката за оставка Заев не ја донесе од револт, ниту во афект, туку е многу добро испланирана, и во ситуацијата во која што се најде Заев тоа е единствено решение. Заев сега сака да се престави како жртва на измама и завера против македонскиот народ.

Така да неговата најавена оставка, инсистирање на предвремени избори, ако може и брзи избори (без техничка влада 100 дена пред избори) и распишување на истите, на сето ова треба да се гледа како на уште еден нов политички гаф на Заев. Иако некој во Европа па и во соседството наседнаа на неговата политичка измама, дури смешно е и да се помисли што се случувало во врска со Зоран Заев и тоа што тој подоцна го работел како премиер има било каква врска со демократија.

ПАРАЛИЗА НА РАЗУЗНАВАЧКО - БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ

За западот демократијата е еластичен и широк поим кога се однесува на помали и нестабилни држави кои што треба да се потчинат на интересите на НАТО. Во тие државички вољата на мнозинството не е битна и само им смета на ,,демократските процеси‘‘.

Заев сега се потпира на краткото памтење на гласачката машинерија и на нови нечесни  игри на западните разузнавачки служби, а се тоа со надеж дека истите тие кој што го донеле на власт со перфидни игри на специјална војна, истите тие ќе го одржат на власт. Секако заради свои интереси, а не на  Македонскиот народ.

Разузнавачките игри и разузнавачките афери ја скроија денешната Македонија потполно по мерка на Западот. Затоа треба да се подсетиме како започна обемната акција на западните разузнавачки служби за елиминација на ,,руското малигно влијание‘‘ од Македонија. Сето тоа започна со големата и бомбастична разузнавачка ,,афера на прислушкување‘‘.

Токму тогаш Зоран Заев, тогаш минорна политичка личност без никаква подршка од Македонскиот народ, ја објави аферата за незаконското прислушкување на многу луѓе (каде што се неведува бројка од дваесет илјади граѓани) и прислушкување на политички противници каде што како пример се наведува самиот тој. Располагаше со ,,цврсти докази‘‘-транскрипти од прислушкуваните разговори кои што во етапи ги објавуваше во јавност.

Никогаш не се утврди од каде му се на Заев доверливи транскрипти (доколку се работи за оргинали). Со оваа афера македонскиот разузнавачко-безбедносен систем беше тотално парализиран, баш во клучниот момент кога се поткопуваа државните институции и актуелната власт, кога требаше најинтензивно да работат и да се спротистават на тоа.

Заев објавувањето на бомбите го започна по името ,,Информативни бомби‘‘ а од самиот почеток беше јасно дека зад него стои некоја моќна разузнувачка служба.

На основ на вонредно јаката дипломатска и медиска подршка од Западот може доста точно да се процени кој му ги дал транскриптите и кој управува со оваа тајна акција на компромитација на владата на ВМРО-ДПМНЕ, која што ја обвинија дека е проруски настроена затоа што не прифаќаше така лесно се што се бараше од неа.

Исто така постои можност дека албанската разузнувачка служба извршила оперативен пробив во центарот на македонската разузнувачка служба и ги има одстапено транскриптите на Заев како единствен политичар преку кого ќе се остварат албанските интереси. Сепак, највероватно е дека сето ова го диктирала американската разузнувачка служба ЦИА, кој што имала сила да сето ова го контролира, како и современа техника да и самата ги прислушкува маркираните личности, и доволно влијание на Албанците и Грците како би се исполнила конечната цел – влез на Македонија во НАТО.

,,ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА‘‘

Тогашниот премиер Никола Груевски знаеше од каде дува ветерот, и го овини Заев дека ,,на нелегален начин со помош на странски разузнувачки служби организирал мрежа за прислушкување на македонскиот државен врв за да набави компромитирачки податоци со чија помош би ја принудил владата да поднесе оставка.

Меѓутоа едно е да знаеш, а друго да докажеш. Оваа разузнувачка афера јако ја раздрма неговата влада, и под притисок на западните дипломати мораа да обвинат ,,одговорни лица‘‘ со што практично ја признаа злоупотребата на системот за прислушкување. Попуштање под притисоците беше уште една перфидно замислена замка каде што аболициите и судењата ја доведоа владата на Груевски во ситуација да партијата на Заев СДСМ, со помош на албанските партии го симне од власт.

Многу тешко е за верување дека ,,Тиранската платформа‘‘ е резултат на некаков углед на Зоран Заев во албанскиот блок, како што истотака е тешко да се поверува дека ,,Преспанскиот договор‘‘ со кој што е надминато Грчкото вето во врска со името Македонија, бил резултат на неговата политика. Сето ова го средуваа и водеа моќните разузнувачки служби на НАТО.

Понатамошната идеја беше  Заев ја зацврсти својта власт со прогон на политичките противници. Многу луѓе беа неправедно осудени како учесници во настаните на 27 –ми  април во Собранието на република Македонија. Истотака беше осуден и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој што поради притисоците и заканите по неговиот живот се реши да побегне од земјата.

Западот на сето ова гледаше благонаклонето, а сето ова се оправдуваше како елиминација на руското влијание каде што сите средства се дозволени. И самата акција на бегството на Груевски наликува на заедничка акција на повеќе разузнувачки служби под контрола на НАТО, затоа што во Унгарија побегна преку Албанија и Црна Гора.

Груевски беше цело време следен и под контрола на западните и албанските разузнувачки служби кои што сигурно знаеле за подготовките за неговото бегство и можеле да го сопрат ако тоа им било во интерес. Намерно се правеа невешти и го пуштија да си замине, за да што повеќе ја ослабнат ВМРО-ДПМНЕ, а да ја зајакнат СДСМ на Зоран Заев.

ПОГРЕШНИ ПРОЦЕНКИ

После ,,победата‘‘ на изборите, како премиер на Македонија, Зоран Заев не им веруваше на своите разузнувачки и контраразузнувачки служби затоа што цело време беше во постојан конфликт и тврдеше дека го пратат и прислушкуваат.Токму поради овие причини ниту тие не му веруваа на него.

Така да за водењето на политиката не ги користеше информациите од своите тајни служби, туку потполно се препушти на западните дипломати они да го водат.  Им ги исполнуваше сите нивни барања и услови, без разлика на тоа колку тие се погубни за  интересите на Македонија и на македонскиот народ. Токму поради недостаток на информации од сопствените служби, единствено му преостана да ги слуша и да им верува на се што ќе му ветат странските дипломати дека истото ќе го исполнат.

За политиката на Заев биде уште полоша, он самостојно или по нечија сугестија, своите разузнавачко–безбедносни служби погрешно ги насочува.

Денеска е потполно јасна стратегијата на специјалната  војна со која што Македонија е приклучена кон НАТО, што и беше целта на Западот.,,Аферата прислушкување‘‘потполно го скрши отпорот против агресијата со специјална војна, ,,Тиранската платформа‘‘ му обезбеди на Заев подршка од албанскиот политички блок за доаѓање на власт, со судски прогони на политичките противници го зацврствуваше своето владеење, а со ,,Преспанскиот договор‘‘ дефинирана е неговата долгорочна политика со која требаше да ги реши сите македонски проблеми и спорови и да ја внесе Македонија преку ред со скратена процедура во ЕУ.

Секако дека се што е поврзано со овој план и реализација на истиот го водеа разузнувачките служби на НАТО, а пред се американските.

Заев и неговата политичка гарнитура погрешно проценија дека крајната цел на целата специјална акција е влез на Македонија во ЕУ, а дека влезот во НАТО е пропратна станица.Токму сега им стана јасно дека се измамени и дека,со влезот во НАТО, Македонија за Западот преставува решен случај.

 

На прво место

News image

Игор Јанушев шеф на Републичкиот изборен штаб

Генералниот секретар Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвре...

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.