Вторник, 12 Ноември 2019    Печати
Зоран Заев се однесува како феудалец - земјопоседник на Македонија

JanusevИгор Јанишев

Зоран Заев се однесува како феудалец - земјопоседник на Македонија. Неговите “шибицарски” трикови на фасадирање и потпикување на црните работи под тепих што една деценија ги правеше во Струмица, сега ги применува низ цела Македонија.

Три години кога станува збор за работа, имаме буквална нула. Денес, кога се знае дека ќе има избори се разбуди човекот и ветува плати, пензии, субвенции, а кај да е ќе понуди и бесмртност. Само за пуста фотелја. Па, има ли поголем доказ за тоа колку криминален и коруптивен човек е. Мисли дека со пари може да ја купи душата на народот, која ја испогани со нарушеното достоинство и срамот кој го донесе.

Криминално-рекетарската банда на власт предводена од Заев ќе се обиде на секој можен начин да се задржи на власт. Преку груби манипулации, очекувањата дека Заев е подготвен се да прифати, секое барање, ама буквално се, се остварува.

Иако предизборното ветување од пред 3 години беше 100.000 денари за докторите, Заев и бандата чекаа да дојдат на неколку месеци пред избори, после неколку протести и (најави) за штрајкови, “притиснати до ѕид” прифатија дел од барањата на специјалистите, општите лекари, медицинските сестри и лаборантите. Болничката администрација и персоналот за техничка поддршка се исклучени од зголемувањето.

Повторно го потценува сопствениот народ! Граѓаните на Републила Македонија се мудри и нема да наседнат на манипулациите и лагите!

Крајот ви е започнат, народот доаѓа по своето и на 12-ти Април ќе ви пресуди!