Четврток, 14 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Пропаѓањето на проектот „Северна“

 jason-miko

Пропаѓањето на проектот „Северна“

„…бидејќи процесот на ротација на поглавјата значи дека ќе го предадеме нашиот национален суверенитет на Европската Унија“ – изјава на Зоран Заев.

Запомнете го овој цитат, ќе му се навратиме набргу.

Минатиот месец напишав колумна под наслов „Зошто проектот Северна (North на англиски) пропаѓа и ќе доживее колапс“. Оваа недела, во нова колумна на таа тема, решив да го користам името проект Northern на англиски. Зошто? Едноставно, меѓународната заедница се уште не може да се реши како да ја нарекува Македонија. Дури по принудното менување на името кое беше извршено со многу помош од надвор и со вмешаност на западните прогресивни елити. И по сите пари кои ги истурија за да ве натераат да го смените името, по силните ѕвезди на политичкото небо кои се довлечката во Македонија, по намерното игнорирање на вистината за тоа како беше извршена промената, со игнорирање на волјата изразена на референдумот и со незаконските чекори со кои таа се наметна во Собранието, по сето ова, Западот се уште не може ниту да го погоди името што го наметнаа. Не можат да се договорат што се договориле. Погледнете ги новинарските текстови, анализите и изјавите на коментаторите и експертите за Македонија и ќе забележите дека на англиски ве викаат „Northern Macedonia“ и „North Macedonia“ – честопати користејќи ги двете различни имиња во еден ист текст. Ова укажува дека проектот „Северна“ пропаѓа.

Заев и неговиот министер за надворешни работи Никола Димитров неодамна изјавија дека спроведувањето на делови од таканаречениот „Преспански договор“ мора да биде паузирано додека Македонија не добие зелено светло да ги почне своите преговори со ЕУ. Заев изјави дека одделни поглавја од договорот ќе бидат замрзнати бидејќи не може да се спроведат, за потоа во неговиот театрален стил да додадед дека „Ако ѕвездичките од знамето на Европската Унија се изгаснат за нас, тука ќе има темнна. А ние ќе се загубиме во темнината“. Како ти ќе кажеш брат.

Заев како Заев, веќе следниот ден го смени ставот и изјави дека измените од договорот мора да се спроведат веднаш. Како да мисли дека што повеќе ќе раздаде и колку повеќе ќе ја понижи Македонија пред Грција и западната прогресивна елита, толку побргу ќе му дозволат да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Тоа е глупаво, неинформирано размислување и однесување.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас одговори на ова така што го изрази незадоволството на неговата земја кое бавно прераснува во паника поради неуспехот на проектот „Северна“. Дендиас рече дека грчката Влада „внимателно ќе набљудува дали нашиот сосед целосно ги исполнува своите обврски“, пред да упати урад кон поранешната Влада на Алексис Ципрас, велејќи дека „повторно гледаме како се искористуваат дупките во договорот од Преспа за кои ние знаевме и на кои ве предупредувавме“.

Да се вратиме на првиот цитат од Заев. Тој рече „…бидејќи процесот на ротација на поглавјата значи дека ќе го предадеме нашиот национален суверенитет на Европската Унија“. Американскиот писател Кевин Вилијамс од списанието Нешнл Ривју, пишувајќи за Брегзит и односот на Британија с ЕУ, пластично го претстави целиот проект наречен Европска Унија: „спојувањето на суверенитот на земјите членки, што подразбира нивно подредување на својот суверенитет, е целиот raison d’etre на Европската Унија“. Не смееме да заборавиме дека со влезот во ЕУ ти, Македонијо, ќе се откажеш од својот суверенитет. Како што проектот ЕУ расте во опсег и широчина, твоите деца и внуци ќе станат негови слуги. Но можеби ќе си речете дека е подобро да се живее на колена отколку да се умре со високо исправено чело или нешто слично во тој стил? Но пред да дадете таков потсмешлив коментар, сетете се дека ова не е остар, бинарен избор или или, меѓу живеење на коленици и гордо умирање. Изборот воопшто не е сведен на тоа. Постојат повеќе чекори меѓу слобода за Македонија и тотално потчинување пред Големиот Брат во Брисел. Да го парафразирам Вилијамсон, слободата за Македонија мора да значи дека Македонци живеат во Македонија под македонска влада создадена од самите Македонци, какви и да имаат слабости.

Во светот во кој што живееме, во кој бевме сведоци на, на пример, изборот на Доналд Трамп и на Брегзит, јасно е дека се може да се случи, колку и да се мали шансите за тоа. Работи на кои никогаш не сме ни помислиле може да се случат. Секако дека проектот „Северна“ може да се поништи. Јас верувам дека тоа ќе се случи. Но тоа нема да се случи само од себе. Ќе биде потребна многу напорна работа. Ќе биде потребна креативност и упорност. Ќе треба да покажеме правна иновативност. Но, најважно од се, според мене, ќе биде да покажеме македонско срце и македонска душа. Срцето и душата на Македонците кои веруваат во Македонија и во тоа што значи да се биде Македонец. Ќе ни требаат Македонци од сите сфери на животот, како и од политиката, за да успееме во тоа. Верувам дека тоа може да се случи.

Ќе ве оставам со едно предупредување: Македонската Влада и западните прогресивни елити знаат дека овој договор може да биде поништен. Во меѓународната политика не постои ништо што не може да се врати на почеток. Тие се надеваат на факторот време. Мислат дека со спроведувањето на промените од Преспанскиот договор Македонците едноставно постепено ќе ги прифатат како дел од нивното секојдневие.

Дали вие, Македонци во Македонија и насекаде низ светот, ќе го прифатите вашето „ново име“ и „новиот идентитет“? Или ќе се борите за да го зачувате своето име, традиција, култура, идентитет, јазик, вера и се друго што ја право Македонија единствено место на светот? Ќе се борите ли да го поништиме овој незаконски и неправеден чин?

https://www.svest.mk/propaganeto-na-proektot-severna/

 

На прво место

News image

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за с...

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.