Понеделник, 18 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
АНГЕЛОВСКИ: Само една опција за Македонија – пад на антимакедонската власт!
АНГЕЛОВСКИ: Само една опција за Македонија – пад на антимакедонската власт!
Страшо Ангеловски
Деновиве, во разговори со познати и непознати по градовите низ Македонија, кај најголемиот
дел од нив можев да сретнам искрен страв од натамошното владеење на Заев и неговата
нелегитимна Влада. Не страв за себе, не страв од репресии и насилства, затоа што на тоа веќе
навикнавме, туку страв од, како што велат, можноста во овој краток период да го “допродаде“ уште она малку што не одржува како Македонци. Страв дека “брусалките“ ќе ги пушти на најјако, за да го доизбрише македонското постоење секаде каде што тоа, преку нас Македонците, се уште жилаво се одржува. И овде и во соседството и во иселеништвото.
 
И токму затоа, овојпат, македонскиот народ двојно понетрпеливо ја очекува новата година, не
само како празник, не само како радост, туку како крај на можноста, веќе од 3 јануари, Заев да
продолжи да и напакостува на Македонија. Многумина велат: “Ех да може да заспиеме денес и
да се разбудиме на 3 јануари, да се залепи времето, да помине стравот од натамошно ништење на се што е македонско“.
 
За жал, кај многумина, иако знаат дека Заев и неговата насилно инсталирана Влада, според
сите анкети, анализи и податоци, заминува во најтемната страна на македонската историја, постои загриженост дека тој, во стравот од одговорност и од желбата да му напакости на својот народ најмногу што може, е подготвен на се за да ја задржи власта. Дури, велат,“и во војна ќе не втурне за да се одржи на власт“.
 
Не сакајќи да верувам во ова, а, како и сите ние, знаејќи дека со лажни ветувања и лажни
покачувања на плати, пензии, социјална помош, што ќе рече, со сите лажни методи што му ги
остава буџетот, кој, патем речено, сите ние го полниме, ќе се обиде, повторно да измами што
поголем број граѓани, по којзнае кој пат, ќе ја прераскажам приказната за “господарите на
слонови“ во Индија.
 
Приказната оди вака: Во Индија постојат веќе добро изгазени и расчистени патеки, по кои слоновите со векови се движат. Патеки на кои “ни тревата не расте“. Луѓето кои сакаат да ги користат слоновите какоработна сила, како животински робови, а кои претходно мора да ги скротат за да станат нивни
 господари, а слоновите нивни послушници, копаат длабоки дупки на патеката на слоновите. Толку длабоки за паднатите слонови да не можат да излезат од нив, а сепак не толку длабоки за да може да се повредат. Откако слоновите ќе пропаднат во дупките, овие бездушници, облечени целосно во црни облеки,влегуваат во дупките и ги измачуваат слоновите. Ги камшикуваат и со денови не им даваат ниту храна, ниту вода.
 
Кога ќе почувствуваат дека слоновите се исцрпени, дека се при крај со силите, тие, бездушниците, се променуваат во бели облеки, така променети влегуваат во дупките, на слоновите им носат храна и вода, ги тимарат и ги негуваат. Слоновите, не препознавајќи дека луѓето во бело, се истите оние бездушници облечени во црно, сега само променети во облеките, а не и во душите, од благодарност што, нели, ги спасуваат, хранат и негуваат, стануваат нивни слуги и ги слушаат нивните команди. Стануваат нивни измамени послушници.
 
Тоа, според доживеаното и преживеаното во минативе речиси триесет години на
политичкава сцена во државава претставува СДСМ. Бездушници кои, облечени во црно, секогаш
кога се на власт, го измачуваат сопствениот народ, “го камшикуваат и го оставаат без храна и вода“.
Бездушници кои, секогаш пред изборите се променуваат во бело, ги оставаат “камшиците“ на
страна и, ветувајќи “и храна и вода и тимарење и негување“, исто како “господарите на слоновите“ во Индија, од своите граѓани се обидуваат да создадат нивни слуги кои ќе ги слушаат нивните команди. Граѓани кои ќе станат нивни измамени послушници.
 
Приказнава ја раскажувам за да сфатиме дека или ние Македонците ќе се обединиме околу
единствената организирана политичка сила во државава која може да ги порази луѓето променети во црно, околу коалицијата “За обнова на Македонија“, или, на “господарите на слоновите“ ќе им дозволиме да владеат со нас како со нивни измамени послушници.
 
Тие, луѓето облечени во црно, денес само променети во бело, веќе ископаа недоброј дупки во
кои како во неповратни замки чекаат да пропадне нивниот народ и, како со остен го наведуваат
натаму, со измамата дека е тоа вистинската опција, опцијата “на прав пат“. Притоа, исчистија и едно тесно патче, на кое ископаа уште толку дупки во надеж дека некој заталкан ќе пропадне токму во нив и го нарекуваат “третото патче“, па сите незадоволници од нивното владеење, ги насочуваат во тој правец, во веќе подготвените дупки, како неповратни замки.
 
Токму затоа, текстов, во својот наслов вели дека постои само една опција за Македонија, една и единствена, ниту втора, ниту трета, ниту четврта. Тоа е опцијата за пад на оваа насилно инсталирана власт. Опцијата за целосен пораз на инсталираните владетели, без можност, со различни сценарија како во 2016-та, поразот да го претворат во победа. Секое “трето патче“, кое го трасираат токму насилно инсталираните владетели, е нивната единствена надеж за опстанок.
 
И, доколку сме свесни дека нивниот опстанок е дефинитивна смрт за македонскиот народ и македонската држава, ниту свесно ниту потсвесно не смееме да го овозможиме. Приказната за “господарите на слоновите“, за патеката на слоновите и “третото патче“, ја пишувам сега, за да имаме време да ја разбереме до 12 април. Кој сака, ќе разбере, кој не сака, го чека “третото патче“ и дупките
ископани од луѓето во црно. Зашто, после 12 април веќе ќе биде доцна за се.
 

На прво место

News image

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со огромна разлика

Ќе имаме огромна победа со огромна разлика. Буквално секој рејтинг, секоја анкета го кажува тоа. О...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.