Среда, 27 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
ММДЧП ја осудува поддршката што ЕУ и НАТО ја даваат на бугарскиот анти-македонски расизам

mmdcpММДЧП ја осудува поддршката што ЕУ и НАТО ја даваат на бугарскиот анти-македонски расизам

Ако една организација тврди дека ги почитува човековите права и демократијата, но притоа принудува држава да си го смени името за да стане „дел до клубот“, што очекувате да се случи? Угнетувачите кои го бараа да го смениме името со тоа стануваат уште подрски.

Грчката јавна анти-македонска хистерија е добро позната. Но, и Бугарија тргна по нивните стапки, и произведува радио емисии, новинарски текстови, па дури и филмови на националната телевизија со кои се „докажува“ дека македонската нација, култура и јазик „не постојат“, односно дека „македонската историја е бугарска“ и дека „нема македонско малцинство во Бугарија“. бугарски политичари, новинари и функционери слободно користат говор на омраза и лични навреди против Македонците.

Главна цел на бугарската кампања на омраза кон Македонците, поддржана од ЕУ, се македонските активисти за човекови права. Полицајци повторно ги посетуваат домовите на македонските активисти, им се закануваат, ги заплашуваат и им најавуваат кривични пријави доколку не ги запрат нивните про-македонски активности. На 12 ноември 2019 година членовите на македонското Граѓанско друштво за заштита на основните индивидуални човекови права во Бугарија беа посени од полицајци и детективи во нивните домови кои ги испрашуваа за нивните активности и им најавија дека е во тек процедура за поништување на регистрацијата на нивната организација од проста причина што, според нив, „Македонците не постојат“.

Европската Унија и НАТО се наполно свесни дека со наметнувањето на промената на името на Македонија, на идентитетот и историјата, драматично ќе го зголемат кршењето на човековите права на Македонците и ќе поттикнат дополнителни јавни чекори од Грција и Бугарија за бришење на било каква трага од македонската нација. Конкретно, на 10 октомври 2019 година бугарското Собрание ги усвои рамковните ставови за аспирациите на Македонија за прием во Европската Унија, во кои се наведуваат условите кои Република Македонија ќе мора да ги исполни - меѓу другото:

- Македонија мора да запре и во иднина да се воздржува од политиката на признавање на македонското малцинство во Бугарија;

- Македонија мора да упати нота до членките на Обединетите Нации со која ќе прогласи дека ќе ги почитува уставните промени извршени од „Република Северна Македонија“, а во согласност со Преспанскиот договор и паралелно строго ќе се држи до целосно спроведување на Договорот со Република Бугарија, а особено до анти-македонските одредби за јазикот содржани во договорот;

- Македонија мора да нагласи дека употребата на кусото име предвидено во Преспанскиот договор се однесува само на политичката творба „Република Северна Македонија“, а не и на географскиот ергион Македонија, кој делумно се простира и во Бугарија;

- Македонија мора да преземе мерки да ги отстрани сите натписи и ознаки на спомениците, меморијалните плочи и на зградите со кои се создава „отворено негативни чувства кон Бугарија“ (така што во нив се вели дека Македонија е македонска) и во кои се содржани изрази како „бугарскиот фашистички окупатор“:

- Македонија ќе постигне договор со Бугарија со кој ќе се негира постоењето на Македонците, а за клучните македонски историски личности и настани се вели дека се „суштински дел од бугарската историја“.

Овие понижувачки услови, кои се ништо помалку од отворена уцена поткрепена со бугарското членство во ЕУ и со нејзиното право на вето, претставуваат бесрамен обид да се избришат Македонија и Македонците од историјата и од сегашноста, и да се принуди квислиншката валда во Македонија да ги прогласи Македонците за Бугари и дека „Македонија е титоистичка, југословенска творба“. Со инсистирањето да се прифатат овие услови за кои се вели дека произлегуваат од обврските што Македонија ги прифатила согласно „договорот за пријателство и добрососедство“ потпишан меѓу двете земји во август 2017 година, Бугарија ја имитира грчката тактика и го злоупотребува своето право на вето со цел да го продолжи митот дека територијата на Република Македонија е „историски бугарски регион населен пред се со етнички Бугари“. Овие барања во нивната суштина се креирани за да се оправда анексијата на Пиринска Македонија во 1913 година, потоа повеќе децениското однародување на големото македонско малцинство и да се промовира бугарскиот сон за национално обединување содржан во договорот од Сан Стефано од март 1878 година, со кој целата Македонија требаше да се припои кон бугарската држава спротивно на желбите на Македонците.

Со инсистирањето Македонија и Бугарија да „создадат клима во која историјата веќе не е извор на поделби туку креира единство“, Бугарија бара важните македонски историски датуми, како што се раѓањата и смртта на револуционерните водачи Гоце Делчев, Никола Карев и Јане Сандански, како и Илинденското востание против османлиската власт во 1903 година да бидат одбележани на начин на кој клучните учесници и протагонисти во овие настани биле „чисти етнички Бугари“. Ова, се разбира, придонесува кон историското распалување на екстремно националистичките бугарски тврдења дека Македонците што денес живеат во Бугарија, Република Македонија, Албанија, Грција, Србија и Косово се всушност „Бугари со недоволно развиен или разводенет бугарски идентитет“. Понатаму, лажно се создаваат претензии кон територијата на Република Македонија во случај македонската држава да колабира во некој момент во иднината. Исто така попусто е да се обидуваат да го подобрат својот имиџ со бришење на злосторствата извршени од бугарскиот фашистички окупаторски режим во Македонија од 1941 до 1944 година, кои го вклучуваат и депортирањето на целата еврејска заедница од Македонија во Треблинка.

Оттаму, сосем е јасно дека како и нејзиниот сојузник Грција, и Бугарија ќе продолжи да ја користи својата положба во НАТО и во ЕУ и и понатаму ќе ја уценува Република Македонија да прифати барања со кои се наметнуваат морално дефектни политички и надворешно политички цели, кои парадоксално водат само кон натамошно дестабилизирање на балканскиот регион. Имајќи ја предвид отворената злоупотреба на правото на вето од страна на Бугарија, мора да се запрашаме дали „добрососедството“, кога се спроведува од позиција на моќ и влијание, значи дека секакво барање, колку и да е неразумно и ирационално, може да биде поставено како услов за да се имаат „добрососедски односи“, а всушност за со него да се промовираат расипани и опасни надворешно политички цели? Имајќи ја предвид отворената поддршка што ЕУ и НАТО ја даваат на оваа пракса на уценување на Република Македонија од страна на Грција и Бугарија, повеќе од јасно е дека тактиките кои ги користат Бугарија и Грција се прифатени како легитимни политчики алатки кои им се дозволени на „членовите на клубот“ против тие кои сакаат да бидат примени во „ексклузивниот свет“ во кој седат овие членки. Толеранцијата, па дури и поттикнувањето на ваквите мерки и тактики не само што го урнисува угледот на НАТО и на ЕУ, туку ги поткопува и принципите кои тие лажно тврдат дека им се првенствени.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.