Среда, 27 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
На прав пат не сте! Прав и кал сте на патот!

Lambe-Arnaudov-int234-2 Колумна на Ламбе Арнаудов

Господин Христијан Мицковски во ова траорно и мрачно небо што се надвисило над Македонија прекриено со темни црни облаци зад кои удобно и мирно пристаниште нашле сите истрошени и безидејни политичари, кукавици без љубов, страст и енергија, ти си единствената звезда водилка, спасителка и претставителка која го осветлува патот на надежта. Ти како лидер на ВМРО – ДПМНЕ и твоите соработници сте предодредени и прозвани од својот народ да го избавите и да ја обновите Македонија. Македонија ќе ви биде благодарна.

Македонија, нашата заедничка татковина и јас како Вие и многумина ја сакам повеќе од се` на светот. Кога не би било така, ваква Македонија, под нозете на Зоран Заев и неговата дружина, побргу би избрал да живеам во пеколот, а Македонија ако можам би ја издавал под кирија на нејзините душмани за што побргу да изгорат. Ама како што реков љубовта кон нашата татковина е преголема за да ја раситниме на толку ефтини потребштини. Така било секогаш, така е сега и се така до крајот на времето.

Овде не се работи за пари, имот, привилегии или моќ, едноставно во прашање е слобоен избор како ќе се нарекуваме, каде и како ќе живееме, што ќе работиме и како ќе се грижиме за нашите семејства како и сите други слободни луѓе и ќе ја унапредуваме нашата татковина да биде еднаква како другите демократски држави кои живеат во благосостојба, дури и подобра.

Ова беше мојата воведна реакција на ‘‘добронамерниот совет’’ од наводено голем пријател кој ме советуваше да се откажам  од мојата борба, затоа што се ова било јалан дујна (мамен свет) дека се било залудно. Јас навистина се согласив дека Македонија денес ја водат луѓе кои го имаат изгубено својот морален компас. Знам дека во светот има многу измамници и измами, ама во овој момент во составот на Власта на Република Македонија  и нивните придружници на квадратен метар има повеќе измамници од колку на илјада квадратни километри во светот. Севкупниот општествено, економско, политички, правен и социјално,културен живот денес во Македонија се сведува на три основни начела: измамник, измама и измамени.

Измамникот се стави над Уставот на Република Македонија и се самопрогласи за деспот и самоволно измамата ја направи Уставна категорија во Преамбулата на Уставот кој е сега во негова сопственост, а измамените се вообразија дека се Уставотворци. И сега кога им стана јасно што направиле и како го нападнале Уставниот поредок на Македонија увидувајќи дека назад нема, сиот свој бес, гнев и љутина место да го истурат врз себе, кукавички безмислосно и неправедно удрија по вистината и нејзините приврзаници.

Ваквиот фабричи дефектен процес, технолошки одамна застарен, грешно проектиран од неуки инжињери место квалитетен производ исфрли шкарт што се нарекува северна нација и потоа без грам страм и перде се сервираше на потрошувачите како врвен продукт. Ама народот знае да разликува што е шкарт, а што квалтет и уште подобро знае дека од измамници никогаш нема да се слушне вистина. Зоран Заев и сите приврзаници на неговата вештачка и насилно создадена северна нација се тешки измамници, а нивните измами се ставени во функција за полесно да помине предавството на нашата татковина.

Премиерот најмалку три пати на ден не лаже, неговите Министри само ако згрешат право да кажат, лажат академици, професори писатели, лингвисти, културно-просветни работници. Лажат поповите, владиците, оџите, политичарите, пратеници, високи полициски службеници на МВР и реформираната УДБА , само во делот на името, а не и во суштината.

Сепак најголемо зло за граѓаните на Република Македонија се измамниците насадени во правосудството. Само малку да имаа почит кон сопствената професија, вера во правдата и одговорноста што произлегува од почитување на законот и Уставот навреме и безболно ќе ја спречеа оваа епска катастрофа што ни ја донесе однародената и предавничка СДСМ на чело со Зоран Заев. Сега на сите веќе ни е јасно дека во Македонија нема судија, нема порота, нема првобранител, нема обвинител, нема адвокат, има само диктат.

Сами сте криви одбравте да служите ама ќе завршите на одслужување. Вашето одслужување туку што започна. Знам како ви е. Неможете да спиете, се препотувате, не ви се јаде, не ви се шета, заборавивте на скапа облека, парфеми и козметика. Занемевте, а само пред два месеци од вас неможевме ниту да чуеме ниту да видиме што се случува во Македонија и во светот. Косите ви обелеа, брчките ви се намножија, хроничен замор ве мачи, а стравот од неизвесноста и исчекувањето ви ги труе душите и ви го парализира мозокот.

И тоа не е се, најлошото допрва ви следува. Така е кога се определивте да служите на измамник, а не на правдата и на народот. Се полакомивте по фрлениот појас за спасување напредување и богатење, ама никој не ви е крив што не видовте дека спасоносниот појас е врзан за тешко сидро што ќе ве потоне засекогаш. Сега сите вие припадниците и симпатизерите на северната нација, на ваш грб ќе го почувствувате златното правило дека измамникот што ја предал својата татковина секго ќе измами. Никој од таквите што го измамиле својот народ и ја предале татковината не останал на нозе, ниту пак вие.

И покрај сето ова гледај чудо невидено, вие белосветски и перверзни измамници што го обезвреднивте својот народ и ја предадовте татковината сега плачете, ридате, и наддавате дека сте биле жртви на нецивилизирана, глобална измама од Европската Унија затоа што наводно се сте направиле за да го заслужите датумот за отпочнување на преговори. Зарем не ви е јасно, па токму затоа што направивте се толку добро, ама не за Македонија, туку за себе, затоа не добивте. И нас ни е жал што сме дале свој допринос на патот кон ЕУ и НАТО, што не го добивме заслужениот датум за преговори, но вие патолошките измамници прашајте не нас колку тешко ни е што сме два пати измамени. Првиот пат од вас и вториот заради вас од Европската Унија.

Сега се надевам дека разбравте колку е голема моќта на духот на патротизмот во кој длабоко е внедрена љубовта кон народот и татковината. Кога вие мислевте дека за нас нема излез кога не врзувате затворате во темни казамати како што го направивте со патриотите, Уставо браниели, кога сметате дека сте не сместиле во длабочините на бунарите од каде што нема излез или перфидно сме репресирани, омаловажувани и понижувани од вас белосветските разбојници, тој, духот, секогаш е слободен и спремен е да те однесе, таму каде што посакуваш.

Ве повикувам сигте слободоумни, правдољубиви, граѓани, чесни домаќини и патриоти високо да ги подигнеме чашите и да наздравиме за скорешното враќање на РАДОСТА.

А вие политичките бездомници и сираци кои заради себе се одрековте од својот народ и татковина изгубени во лавиринтите на неспособноста, себичноста и простаклук, тешки кочничари на слободната граѓанска волја секогаш кога ќе ве сретнеме ќе ве потсетуваме СЕТЕТЕ СЕ НА ПРЕСПА.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.