Среда, 27 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Една година помен од смртта на Љубиша Георгиевски

77176931 601281267080160 5602332929763049472 n

Една година помен од смртта на Љубиша Георгиевски

Во Недела во 12ч на градските гробишта Бутел, ќе одбележиме една година помен од смртта на нашиот сакан татко, дедо и сопруг, кој не само што припаѓаше на нас, туку и на Македонија.

Бескрајно многу ни недостасува незаборавниот наш засекогаш еден и единствен Љубиша Георгиевски.

Од семејството Георгиевски

Љубиша  Георгиевски (Битола, 30. V 1937 - 6. XII 2018 ) е македонски театарски и филмски режисер, сценарист, драмски автор, есеист, теоретичар, универзитетски професор по режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Тој е еден од најзначајните македонски режисери, кој режирал театарски претстави во сите републики на поранешна Југославија, како и во: Полска, Италија, Романија, САД, Бугарија и во други земји. Влегува во политиката и како политичар бил претседателски кандидат (1994), амбасадор во НР Бугарија (2000 - 2004) и претседател на Собранието на РМ (2006 - 2008).

Љубиша Георгиевски е роден на 30 мај 1937 година во Битола. Својата театарска кариера ја започнал во Битолскот народен театар во 1961 година со дебитанската поставка „Потоп“ од Уго Бети. Дипломирал на “Академијата за театар, филм, радио и телевизија”, група “Театар и радио режија” во Белград, 1974 година.

Георгиевски е еден од најзначајните македонски режисери. Режирал над 160 театарски претстави во сите републики на поранешна Југославија, како и во: Полска, Италија, Романија, САД, Бугарија и во други земји. Инаку, зборувал повеќе јазици меѓу кои англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служи и со словенечки, полски и романски.

Тој е режисер на врвните претстави како: „Покојник“, „Отело“, „Хамлет“, „Јулиј Цезар“, „Македонски состојби“, „Црнила“, „Хај-фај“; „Еригон“; „Лет во место“; „Тартиф“; „Р“; „Свадбата на Мара“; операта „Болен Дојчин“ и балетот „Македонска повест“.

Покрај театарски, тој режира на телевизија, како и филмови и тоа: „Под исто небо“; „Планината на гневот“; „Република во пламен“; „Цената на градот“.

Георгиевски е автор на книгите: „Свет и сон“; „Онтологија на театарот“; „Феноменологија на театарот“; „Технологија на судбината“; „Вежби по актерско мајсторство“; „Политичката иднина на Македонија“; „Претседателски кандидат“; драмите „Филоктет“ и „Армагедон“ и бројни написи како колумнист.

Георгиевски предавал театарска режија и глума на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот во Скопје. Како визитинг професор тој предавал театарска онтологија и феноменологија и на Универзитетот во Јужна Калифорнија и Универзитетот во Тексас.

За својата работа тој е добитник на повеќе од двесетина награди. Добитник е на наградата "Октомври 11", награда на Здружението на драмски уметници во Социјалистичка Република Македонија (1962), Војдан Чернодрински (1965, 1990, 1994), Стерја (1965, 1981), Златниот венец (1969, 1974, 1976, 1977, 1978), наградата на Здружението на театарски работници на Босна и Херцеговина (1972), Јоаким Вуич (1974) и т.н.

Љубиша Георгиевски исто така се занимавал со политика. Бил член на една од најголемите македонски партии ВМРО ДПМНЕ. На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2000 до 2004 бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Бугарија, а од 1 август 2006 до 21 јуни 2008 година претседател на Собранието на РМ.

Љубиша Георгиевски починал на 6 декември 2018 година.

Вечна му слава, АМИН!

Манедонска нација

(извор: МЕ, Скопје, 2009)

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.