Петок, 29 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Последниот авнојски 29 Ноември

kolemisevskiПанде Колемишевски

Не е празник, иако некои евоцираат спомени за него, му изразуваат почит, од свои причини и емоции. Денес е делник, а делниците не се слават, освен ако некој нема личен или партиски интерес за тоа. Државните празници се повеќе спомен одошто сегашност, исто како што е и СФР Југославија, поранешна држава со која Македонија и Македонците имаат нераскинлива историја

Познавам групи пријатели во неколку македонски градови, кои секоја година се собираат на 29 ноември на кафе, на пијалак и мезе во кафеана или телефонски си честитаат. Се собираат за да го одбележат меѓу себе споменот на еден од најголемите поранешни југословенски празници, денот кога во малото место Јајце, во Босна, во 1943 година, беше донесена одлуката по победата над фашизмот, наместо кралството да се основа новата држава Југославија со поинаков политички систем и државно уредување. Тогаш и таму, првпат во историјата, на Македонците официјално им се призна националниот идентитет и не само што ја повика туку ја фиксира Македонија да биде рамноправна федеративна, државотворна единка заедно со другите републики. За овие луѓе тој спомен трае и се негува. Може тоа да се подведе под југоносталгија за една пропадната држава, но и како историски факт што придонесе нивната Македонија да конституира, формалноправно, сопствена држава.

Познавам и други групи пријатели, спротивни на првите. Тие не сакаат ниту да им го спомнеш 29 Ноември, ниту пак Југославија од времето на Тито. На тој период гледаат со презир, дури со осуда, особено оние постари генерации или нивни наследници што плукаат по Тито, а сѐ уште не можат да го прежалат бугарскиот цар Борис што не ја направи Бугарија од Црно Море до Охрид. Како и да е, ехото од двата историски процеса, едниот успешен, другиот промашен, што се одвиваа пред 80 години, сѐ уште одекнува, дури се засилува. И различно се слуша, со речиси непресушни емоции и уште поспротивставени, а не докрај разјаснети заклучоци. И кафеански и историски.
Крајот на ноември и почетокот на декември 1989 година е времето кога се сврте светот, кога почна погребот на Титова Југославија, а Македонија не остана незафатена од тој пресврт, и од тој некрофилски процес. Се урна Берлинскиот ѕид, почна да се распаѓа вештачката пирамида на долговечните комунистички владетели на земјите од Источниот блок. По падот на ѕидот, прв падна Тодор Живков, главната глава на Бугарија, падна целото чехословачко раководство. На другите им се ближеше крајот, кој кулминираше со убиството на романскиот претседател Николае Чаушеску и неговата сопруга.

Џорџ Буш Постариот (САД) и Михаил Горбачов (СССР) на Малта ја укинаа старата Јалта. Ги прекроија договорите од нивните претходници од Втората светска војна, а со тоа и границите на Европа. Заеднички ја договорија демонтажата на Источна Европа, пред сѐ на самата Русија, што имаше очајничка потреба да се ослободи од бирократизмот и од финансискиот товар што ѝ го наметнуваа нејзините гладни сателити. Во Југославија на големо се одвиваше таканаречената „балван-револуција“, зад чија организација стоеше Слободан Милошевиќ и се креваше национализмот како единствена политичка доктрина за слобода на народите, како од него, така и од Фрањо Туѓман во Хрватска. Србија баш на празничниот ден одеднаш ги прекина односите со Словенија со што се скина клучната алка што ја држеше релативно стабилна федерацијата, каква-таква. Веќе беше нашироко разгорена и медиумската војна меѓу републиките, а Југословенската армија, чекајќи совети од меѓународниот фактор, растресена и неединствена, нерешително се колебаше што да стори и стапна на нагазна мина што самата си ја постави. Странските агенции известуваат дека Југославија е пред можен скорешен распад, нешто во што малкумина веруваа.
Значи, 29 Ноември 1989 година, пред триесет години, беше последниот авнојски, празничен датум во еднопартиската, комунистичко-социјалистичка Југославија. Одбележан без вообичаеното славење, од скромно поскромно. И во Македонија, како нејзина членка, не се покажа волја за славење. Во неа веќе дуваат новите бурни политички ветришта од север. А токму тогаш се одржува Десеттиот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија, претпоследниот во неговата историја, на кој се води подзатскриена битка меѓу старите и новите сили.

И покрај начелните ресавско здодевни декларации за зачувување на Југославија и социјализмот како систем, веќе отворено се зборува дека Сојузот на комунистите го троши последниот кредит, се наметнуваат дискусии за демократска преобразба (но не се знае каква), за воведување монопол на демократијата, а не на партијата. Дури се зборува за фијаско на социјалистичкиот модел, се спомнува можност за престанок на авнојска Југославија, деполитизација на стопанството, но има и јавни мислења за деполитизација и на армијата. Срамежливо се истакнуваат и барањата за поголема творечка слобода, за слобода на мислата и говорот и за остварување на индивидуалните човекови права. Главна тема е единството на партијата и федеративната држава, но, од друга страна, се наѕира и дилемата дали таа ќе опстои во иднина.

Одредени пикантерии се поврзуваа со познатиот „случај на осумтемина“, осум агенти во македонската тајна полиција преку кои се одвиваше нејзиното разбивање, како и за интервенцијата на полицијата во Вевчани за што се крена цела Југославија. Се разбира дека најголем интерес имаше за кадровската политика и за изборот на претседател на партијата. Божем во име на демократијата, на листата беа двајца кандидати – Петар Гошев од новиот политички бран и Михаил Данев од докажаните принципиелни кругови. И едниот и другиот, покрај разликите во ставовите, беа ставени меѓу двата огна за и против Југославија, за и против социјализмот. Имаше јавен обид како трет кандидат да биде прифатен Васил Тупурковски, тогашна најголема политичка надеж, член на Претседателството на СФРЈ, но експресно го исфрлија од игра заеднички двете сили – и младите и старите. Долго време по гласањето, по часови чекање, за победник беше прогласен Гошев, со многу тесна разлика во гласови, а самото тоа даде повод да се мисли дека всушност изборот бил наместен. „Не победиле гласачите, туку бројачите“, беше нова, дотогаш непозната фраза, која оттогаш досега не излегла од мода, најверојатно токму поради тоа што не се расчистија сомневањата за тој избор, а живеат до денешно време.

Тоа беше на јавната политичка сцена, но некои работи се одвиваа зад официјалната завеса. Додека бирократизираните комунисти, по стара навика, се занимаваа сами со себе, некомунистите или оние комунисти што своевремено отпаднале или не беа дел од номенклатурата, веќе ги гледаа своите шанси за пробив на политичката сцена и за нивно замешување во уривањето на стариот и создавање нов политички систем. На пример, во Македонија од Белград почна да доаѓа сѐ почесто Киро Глигоров, кој учествуваше во работата на некои комисии и изјавуваше дека не е заинтересиран за некоја функција. Имаше обиди да го сторат тоа и други стари кадри, но ретко кој или никој не беше прифатен. Глигоров, заедно со неколкумина академици и интелектуалци, уште пред тоа имаше формирано неформална група што се состануваше во Охрид и во Скопје, која кроеше паралелни предвидувања и програми како би изгледала Македонија во идна Југославија или во самостојна Македонија. За жал, од тие документи, од тој труд, не се виде ништо, иако некои од членовите (Киро Глигоров, Никола Кљусев) зазедоа највисоки функции во независна Македонија, а не останаа без соодветни државни позиции и другите.

Во тоа време почна да воскреснува Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) без страв дека нивните симпатизери и активисти може да завршат по затвори. Беа сигурни затоа што, за чудо, ја имаа поддршката од свои инсталации во тајната полиција, која, исто така, во еден дел, работеше на разбивање на комунистичкиот систем и имаше свои соработници од редовите на идните видни вмровци. Веќе се одржуваа состаноци на разни иницијативни одбори, редица активисти често патуваа во Минхен и во Берлин на консултации со тамошните емигрантски организации поврзани со германските служби. Почнаа обилно да течат и првите тајни кеш-пари за финансирање активности, за ширење лажни вести и провокации и за држење демонстрации. Малку се познати делови од разговорите и консултациите што неовмровците ги држеа со бугарските тајни полициски и дипломатски служби, како што се непознати честите упатства што ги добиваа при посетите во американската амбасада во Софија. А тие дадоа плод, како што американските ангажирања во Македонија носат плодови и сега.

Еве го денешниот 29 ноември 2019 година, триесет години подоцна. Не е празник, иако некои евоцираат спомени за него, му изразуваат почит, од свои причини и емоции. Денес е делник, а делниците не се слават, освен ако некој нема личен или партиски интерес за тоа. Државните празници се повеќе спомен одошто сегашност, исто како што е и СФР Југославија, поранешна држава со која Македонија и Македонците имаат нераскинлива историја, заедничко минато, кое може да ја истрпи секоја ревизија и на крајот пак да испадне позитивна и во македонска корист.

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.