Сабота, 30 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Единствени виновници во Македонија останаа патриотите и уставобранителите од 27 Април
70653599 105940910801050 2121135410913476608 nАлександар Пандов

Беше тоа крајот на јануари 2015 година кога тогашниот премиер на Република Македонија Никола Груевски излезе на прес конференција на која обзнани дека имал неколку средби со Зоран Заев во неговиот кабинет, каде овој му се заканувал со нелегално прислушувани телефонски разговори, барајќи од него да се повлече. Внимателно слушајќи го пресот по неговото завршување во две работи бев сигурен: прво дека Верушевски е организатор на прислушувањето и второ дека истите тие телефонски разговори ќе бидат употребени за дискредитација и оцрнување на Груевски и ВМРО, а со единствена цел да биде инсталирана марионетска и предавничка власт претводена од Заев, која би го сменила уставното име на татковината, Република Македонија.

Под притисок на Џес Бејли, а со изговор дека Заев и Шеќеринска немаат доверба во обвинителите Марко Зврлевски, Вилма Рускоска, Лиле Стефанова и други, неколку месеци подоцна политичките партии во Пржино се договорија да изгласаат специјален јавен обвинител, кој пред се ќе испита кој прислушувал и за чиви потреби. На 15 Септември истата година во парламентот беше изгласана Специјалната Катица Јанева. Не знам што тогаш договарал и преговарал Нино (Смрт) Тодоров со Оливер Спасовски, но намето Специјален Јавен Обвинител, ние добивме Специјално Јавно Обвинителство.

Како и што беше за очекување, СЈО наместо да ја заврши започнатата постапка против Заев и Верушевски, таа прво што направи ги ослободи (Верушевски си доби и обештетување од буџетот за притворот). Од друга страна, за потребите на Заев, Катица веќе појачана и со нејзините ангелчиња, на големо величана од таканаречените невладини организации, носени со слики на градите на тогашните шарени, со подршка од меџународна да на нивните пресови како составен декор беа седнати и по пет шест амбасадори, сосема комотни, онака од ракав си пишуваа обвиненија против тогашното раководство на ВМРО, но и против новинари, бизнисмени, полицајци. Во 95 % од обвиненијата единствен доказ беа нелегалните приватни разговори на обвинетите. А и во тие обвиненија, најголем грев било што во Мерцедесот имало телевизори на задните седишта, на Фиат му течело низ ногавици, а Андреј требало да јаде шамари!

Неколку месеци подоцна, на 12 Април 2016 година, верувам откако се уверил дека единствената цел на СЈО е рушење на легално избраната власт во Македонија, претседателот Ѓорѓи Иванов прогласи аболиција за сите 56 обвинети или можно обвинети од СЈО. Јас бев првиот кој заедно со ГДОМ и огромен број Македонски граѓани протестиравме пред Собранието против неговата одлука да ги помилува Заев и Верушевски. Меѓутоа после разговорот со неколку уставни и правни експерти мене ми беше јасно дека се бунел јас или не, неговата одлука е неодповиклива. Како и за се останато во Македонија кога правото треба да биде во услуга на политиката, а повторно со огромни притисоци на Бејли и меџународна на крајот излезе пу пу не важи.
Е не важи за Кацарска и Димишкова, ама за Врховниот суд на Грција важи, за Врховниот суд на Унгарија важи, а бога ми и за Стразбург ќе важи.

Во меѓувреме уставното име е сменето и со самото тоа СЈО си ја заврши работата и е фрлен како искористен презерватив. Фатиме и Ленче се магационерки, во исчекување на обвинение за кражбите кои ги правеле од буџетот.

На некого му се допаѓало тоа или не останува да се одигра и последниот чин, Уставниот суд да ги расчисти сите дилеми дека помилуваните луѓе во случаите на СЈО, вклучувајќи ги Заев и Верушевски се слободни луѓе.
Единствени виновници во Македонија останаа патриотие и уставобранителите од 27 Април.

#СлободаЗаПатриотите

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.