Сабота, 07 Декември 2019    Печати
Кланот Заеви стана најбогат на Балканот и пошироко

Додека ја замајуваат јавноста со популистички мерки, кланот Заеви стана најбогат на Балканот и пошироко

Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско. Наместо ветените 500 евра од поврат на ДДВ, граѓаните добиваат по 1.000 денари и тоа не сите, и тоа ќе го добијат помалку од 10% од потенцијалните корисници на оваа мерка на владата на СДСМ.

Но затоа, милиони евра завршуваат во џебовите и сметките на функционерите од власта чии фирми добиваат тендери, јавни набавки, грантови и слични повластици од народните пари.

Додека ја замајуваат јавноста со 1.000 денари од поврат на ДДВ и слични популистички мерки, кланот Заеви стана најбогатиот клан не само на Балканот туку и пошироко. Граѓаните јасно гледаат дека од ден во ден се потешко се живее обичниот човек, ама затоа цветаат бизнисите со марихуана, градежните, транспортните и многу други фирми кои ги поседуваат Заеви.

ВМРО-ДПМНЕ