Понеделник, 09 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
Се надевам дека се свесни за последиците при евентуална еднострана одлука да нема предвремени избори

Hristijan Mickoski

Мицкоски по изјавата на Пендаровски: Се надевам дека се свесни за последиците при евентуална еднострана одлука да нема предвремени избори на 12 април

По изјавата на претседателот Стево Пендаровски за Детектор, во која кажа дека не е убеден дека ќе има избори на 12 април, бидејќи тоа не зависи од него, денеска свој коментар даде и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакна:

Ја слушнав таа изјава вчера на господинот Пендаровски, последниот пат кога бевме на негова иницијатива заеднички ги ставивме партиските интереси во втор план, ги ставивме државните интереси и интересите на граѓаните во прв план, организиравме заеднички состанок. На тој состанок ги прецизиравме приоритетите кои се за државата, ја реафирмиравме нашата позиција и како политичка партија , но и останатите, за иднината на нашата држава но истовремено се договоривме дека на 12 април е денот кога практично ќе се случат тие предвремени парламентарни избори.

И за нас втора алтернатива нема. Она што вчера успеав да го слушнам но и да го прочитам од медиумите е дека господинот Пендаровски продолжува да се однесува како практично гласноговорник на СДСМ и на Зоран Заев, се обидува да обезбеди определено алиби за да не им се случи катастрофата сега во април, да се случи можеби во некој друг период, од друга страна им остава простор за маневар на СДСМ за да може со некакви збунувачки изјави поврзани со законот за јазици да ги става на преговарачка маса со коалиционите партнери при евентуално одложување на предвремените парламентарни избори.

Но морам да признаам дека доколку не е сигурен тој за тоа што ние го договоривме во негово присуство во негова организација а тоа се предвремени парламентарни избори на 12 април, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата навистина ќе ги разгледа односите кои што ги има со претседателот Пендаровски и во едни такви околности ние не сме сигурни дека во иднина кохабитацијата помеѓу Коалицијата за обнова на Македонија и претседателот ќе функционира како што функционираше досега.

Но јас сум убеден дека се свесни за последиците при евентуална еднострана таква одлука да го напуштат договореното кое што го договоривме а се однесува на тие предвремени парламентарни избори што треба да се случат на 12 април.

Свесни се претпоставувам за политичката криза во која што ја втурнуваат Македонија дополнително и се надевам дека разумот ќе преовлада и дека и покрај стравот кој што го има СДСМ за дебаклот кој што ќе им се случи,.

Овој пат ќе ги стават интересите на Македонија и интересите на граѓаните над нивните лични и тие предвремени парламентарни избори ќе се случат, колку да не му се допаѓало на СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски, истакна Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мицкоски: Рускоска се претвори во заштитник на скандалите на Заев

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Историја

News image

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено ...

Иселеници

Култура и туризам

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.