Недела, 15 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Hristijan Mickoski

Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Поенти од прес конференцијата на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски на неговата денешна пресконференција, која е рецензија на измамите во економијата на Зоран Заев и СДСМ, кажа дека економската политика е катастрофална и дека државата оди во погрешен правец. Според Мицкоски годината која ја најавуваа за економска е впрочен најтешката и најсиромашната за живот.

Мицкоски денес ја разобличи една од најголемите лаги Зоран Заев и СДСМ  во економска гледна точка, а тоа е најавените 5% раст на БДП. Од денот кога се избрани заклучно со третиот квартал, тоа не е ни половина, односно не е ни 2.5%, истакна Мицкоски.

Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која како што кажа имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност.

Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната.

Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот, кажа Мицкоски.

Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата. Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се  работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.

Во однос на даночната политика Мицкоски потсети на пиши бриши политиката, кога се зголемува, па повторно се намалуваа даноците. Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа.

Најголемата лага според Мицкоски е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи. Наспротив ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7%.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7% поголем од буџетот за оваа година, а кој буџет не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.

Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јануари – ноември имаме за цели 23.7% помал од планираниот, односно за 20% од тој кој бил собран во 2018 година.

Мицкоски кажа дека тоа што денес Заев ќе го зборува, дека блескаме е всушност еден судир во една слепа улица кон која Зоран Заев ја турка и ја води Македонија.

Надежта не смее да се губи вели Мицкоски бидејќи најдобрите денови за Македонија и македонската економија допрва доаѓаат, а тие доаѓаат со програмата за обнова на Македонија, во која ќе има предвидено оданочување соодветно на потребите на стопанството и повеќе капитални инвестиции. За сето тоа да се реализира ќе има бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот.

 

На прво место

News image

Јанушев: Власта на свои фирми им поделила 31 лиценца за одгледување канабис

Аферата со канабис-милионите на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и нек...

Историја

News image

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено ...

Иселеници

Култура и туризам

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.