|
||||
„Илустрација Илинден“ им ја честита Новата 1928 година на сите Македонци |
Редакцијата на „Македонска нација“ им ја честита на своите читатели и сите Македонци Новата 2020 година и им посакува празничните денови да им бидат исполнети со благодет, среќа и радост, а во текот на годината да им се врати правдата, спокојот и мирот во нивните семејства и македонската држава. „Редакцијата на ИЛУСТРАЦИЈА ИЛИНДЕН им ја честита на своите читатели илинденци и на сите Македонци новата 1928 година и им посакува, во таа година да се вратат кај своите родни огништа во слободна Македонија.“ Почетокот на новата година отсекогаш ги поттикнувал луѓето со отворено срце и најубави зборови да им посакаат на најблиските да имаат радосна и просперитетна година. Вакви пораки со желби за позитивни промени и благодет, за здравје и среќа, се среќаваат и во минатото во весниците на македонската емиграцијам како што е на пример „Илустрација Илинден“, кој излегувала во Софија меѓу двете светски војни. Имено, „Илустрација Илинден“ е списание на Македонската емиграција во Бугарија кое излегувала меѓу двете свестски војни и за време на Втората светска војна. Поточно излегува во Софија од април 1927 до мај 1944 година. Во списанието се објавуваат различни прилози. Содржи податоци за дејноста на Илинденската организација. Во него публикувале познати македонски творци, меѓу кои Венко Марковски, Методи Терзиев, Атанас Лозанчев и други. Главни редактори на списанието се Петар Мрмев, Кирил Христов Совичанов, Христо Шалдев, Лазар Томов, Лука Групчев и други Инаку, списанието е илустрирано издание на Илинденската организација, во кое се пишува за национално-ослободителните борби на Македонците. На страниците на списанието се објавуваат статии за историски настани, спомени, биографски податоци за загинати борци, училишни и црковни дејатели, етнографски статии, документи и сл. Се објавуваат и честитки по разни поводи. Така во декемврискиот број од 1927 година, редакцијата на „Илустрација Илинден“ им ја честита Новата Година на македонската емиграција. Во честитката по повод Новата 1928 Година се вели:. „Редакцијата на ИЛУСТРАЦИЈА ИЛИНДЕН им ја честита на своите читатели илинденци и на сите Македонци новата 1928 година и им посакува, во таа година да се вратат кај своите родни огништа во слободна Македонија.“ |