|
||
Новогодишно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски |
Новогодишно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан МицкоскиПред Новата година се потсетуваме на минатото. Моја голема желба отсекогаш беше да можам да направам нешто за мојата земја, за мојот народ да е весел и радосен. Затоа што среќата на луѓето е најважна. Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата. Верувам дека вие и вашите деца треба да се среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ. Годината што следи ќе донесе промени на подобро, следува економски бум, неправдите ќе бидат поразени, а Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот. Принципите ќе важат за сите. Следува победа на идеалот за обновата! Со добри мисли и уште подобри намери, како еден од вас, ништо повеќе и ништо помалку од тоа, како човек, како ваш пријател, сосед, колега, познаник, сонародник, сограѓанин, ве повикувам да уживате во новата година и успесите кои сите заедно ќе ги оствариме и донесеме. Нека е среќна, весела и радосна новата 2020 година. |