Петок, 03 Јануари 2020    Печати
Убав ден, 3ти јануари, денот кога од владата си заминува Зоран Заев

zzzАнтонио Милошоски

Убав ден, 3ти јануари, денот кога од владата си заминува Зоран Заев, најголемиот политички измамник во историјата на Македонија.

ant 3Аболициран политичар без идеологија, кому единствен мотив во политиката му беше и му остана земањето по 1€ за Вицето и влијанието врз правосудството за да си обезбеди неказнивост.

ant 2Човек без чест, кој се колнеше во сопствените деца и претци дека нема да го смени уставното име, за потоа да ја погази народната воља од референдумот и со поткуп и судски уцени врз пратеници да го силува Уставот и достоинството на Македонците.

Политичар кој не ги знае суштинските разлики на рамниот во споредба со прогресивниот данок, но многу добро ги знае цените на сите тендери во РЕК Битола и ЈП за Државни патишта.

Премиер кој имал повеќе средби и телефонска комуникација со Боки13, отколку со градоначалниците на Битола и Прилеп заедно.

Функционер во чие време драстично поскапеа горивата, услугите, лекарствата, а за жал поефтини само цената на кокаинот и марихуаната што ја произведуваат и негови блиски, а заштитени дилери им ги шиткаат на младите.
Заев е премиерот од кој се срамеше нацијата од неговите недолични гафови за "сексапил Јуропиан лејди", како и од лечењето на неговите лични комплекси на инфериорност преку долгите разговори со лажниот Порошенко, Столтенберг и Грета Тунберг.
Заев е премиерот во чие време рекетирањето стана примарен метод за комуникација со стопанствениците.

Заев е тој кој лажните ветувања за нови студентски градови во Скопје, Штип и Битола, изградба на канализацијата во Арачиново, решавањето на депонијата во Тетово, изградбата на модерен Клинички центар и младинската гаранција за вработување на секој дипломиран студент, ги користеше само за предизборна манипулација, а до ден денес останаа само лажни ветувања.

Заев е единствениот премиер измамник кој две години бесрамно го лажеше народот дека државата добила датум за преговори со ЕУ, па дури и организираше лажни прослави со народни пари.

Заев е единствениот политичар кој на нечовечки начин ја злоупотреби трагичната смрт на малата Тамара, убиството на Мартин Нешковски, масакрот на момчињата кај Смилковско езеро, смртта на новинарот Никола Младенов, и ги лажеше и јавноста и блиските на покојните дека тој ќе ја открие вистината. А вистината е дека само лажел за власт и дека убиецот на Мартин Нешковски денес е слободен и надвор од Македонија.

Заев е другарот на Катица Јанева и неа до последно ја предлагаше за заменик на Јовески.., а сите знаат дека Катица не би можела да врши таква голема "Рекет" операција без да ја има неговата поддршка преку извршната власт.

Заев е измамникот кој сеуште се вози во мерцедесот за кој ги лажеше луѓето што му веруваа дека ќе го продаде за амбулантни возила.

Но, на лагата и се кратки нозете. Денес Заев не може да ја излаже ни Баба Перса од Волково. Заврши!

Денес е убав ден, 3ти јануари 2020 година, бидејќи лагата, срамот, неспособноста, измамата, рекетарството, поткупот и дволичноста си даваат оставка. Толку Заев, еднаш и никогаш повеќе !