Среда, 03 Јануари 2024    Печати
Македонскиот Бадник и Божиќ со векови има мистика, традицијата, паганизам, културен култ...

g badnik

Македонскиот Бадник и Божиќ

Македонскиот Бадник и Божиќ со векови има мистика, традицијата, паганизам,  културен култ...

Што вели Македонската Православна Црква за празнувањето...

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.

Етимологија

Зборот Бадник веројадно доаѓа од старомакедонскиот збор - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.

Историја

Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Обичаи

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството, со посна но, свечена вечера и прераскажување на библиски приказни.

Во Македонија

Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.

На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.

Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.

Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893:

Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини!
О. О. коледе!

 

Обичаи

Обичаите што се изведуваат на Бадник и Божиќ се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, но она што е заедничко секако се  богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, коледниот оган и бадниковото дрво, како и коледарските песни.
За Бадник трпезата секогаш е посна, но исклучително богата ( посна сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл.) Пред да започнат домашните да вечераат, домаќинот го отворал прозорецот и го поканувал Дедо Боже на вечера со зборовите:

"Повели Дедо Боже да вечераме".  Во некои места софрата се изнесувала во дворот и оттука се упатувала поканата кон Дедо Боже.  Обичај е по вечерата софрата да не се крева. Храната  останувае цела ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани.

На Бадник во секоја куќа се меси обредно лепче со пара, познато како кравајче во кое се става сребрена пара.  Кога сите ќе седнат на вечера домаќинот откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најдел парата ја ставал во чаша со вино од која сите пијат  за здравје и среќа. На оној што ќе му падне парата се верува дека годината ќе му донесе многу среќа, радост, успех и   богатство.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на бадниковото дрво. Најчесто се гори  пенушка од даб. Таа ноќ, како што запишал Кузман Шапкарев, "сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: "Бадник - будник".

На Бадник и Божиќ се изведуваат и повеќе други обичаи, како што се сечењето и горењето на дрвото "Бадник" коледарските огнови и многуте  песни што се пеат крај нив.
Децата утрото на Бадник ги посетуваат  куќите каде што пеат песни, го најавуваат и го честитаат големиот празник "денеска е Коледе, утре е Божик" за што добиваат дарови (овошје, бомбони, пари итн.)

Со Божиќ е поврзана и поговорката: "Пред Божиќ зад Божиќ кај да си, дома да си" што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.

На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат.
Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо.
На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село.

Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена.

Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.
Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божиќ, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан. Од Божиќ почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат се до пред Водици, денот кога Исус бил крстен.

Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето.
Затоа од Божиќ до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии - апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.

Коледарски песни

1. Коледе, леде! Паднало греде, утепало деде.

Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца.

Гусќини, гусќини! О, о, коледе!

2. Цуцул стои на грутка та си шие ќесулка. А шчо ќе му ќесулка?

- Да си бере жирчок. - А шчо ќе му жирчок? - Да си рани прасето.

- А шчо ќе му прасето? - Да му пушча лојца. - А шчо ќе му лојца?

- Да си мазни стапчето. - А шчо ќе му стапчето? - Да си тепа бабата.

- А шчо ќе му бабата? - Да му роди машко дете. - Како го викат?

- Ајчин, бајчин! Коледе, коледе!

3. Цуцул пасе говеда покрај река Ситница, и отаде лисица:

- Добро утро цуцуле! - Дал Бог добро лисице!

- Шчо је врева у село? - Комар бек се женеше

за мушичка девојка: еже - тапанарче,

желка - свирбаџија, мечка тесто валкаше,

повеќе го лапаше, на мечиња даваше;

петел дрва цепеше, јаричка ѓи редешпе;

вино пушчаше, повеќе растураше.

4. Сива, сива галабице! Дека си се осивила?

- Таму горе на небеси. Шчо имаше, шчо немаше?

- Таму има мала Бога, мала Бога и Божиќа,

си редеа златни чаши, златни чаши и канати! Утре је Божик!

Запишал Г. Бојаџиов, соопштува Д. Матов.

Објавено во „Книжици за прочит“, Солун 1893.

Песни спроти Бадник се од Дебарско, од записи на Васил Икономов

Во Дебарско особено во нашите малорекански села,, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат пченица (жито) со шеќер и ги пеат следниве песни:

1. Утре вечер - бадник вечер, бодни коња на пазара,

купи риба јогула, дојди дома да ја вариш,

сркни риба - убоцај се, пи си вино - весели се!

2. Теле велит: - Леле! Не колите мене,

ток` колите кокош! Кокош се скри пот кош!

3. - Сива, сива гулабице, од коде си долетала

до нашего господина? Шчо чинеше наш господин?

- Ми правеше златни чаши, златни чаши и канати,

да послужит млада Бога, млада Бога и Божиќа.

Божик ми е на небеси, слава му е по се земја.

4. Добро утро стара бабо! Дај ми колач и погача!

Напи се вино и ракија, појди в племна - запали ја!

Sркни каша - попари се, косни риба - убоцај се!

Од зборникот на Васил Икономов

Коледарски песни од записите на Mарко K. Цепенков

Коледица варварица, сива, сива гулабица

долетала од планина, и донесла убаина.

Коледица варварица, бери пења за вечера

мене ми се вечера, оти пиле ми загина,

од море до море, во царичини дворои.

Царица го нагазила, и цревцата му истурила.

Циу цвиц ми сторило и пилето си умрело.

По битолцќи Кoледица меледица,

и по неа Василица, и по неа дава, дава,

еднаш ни сте во година како цвеќе во градина.

Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,

огон да си палиме, за да се изгреиме,

оти после ќе одиме, Коледа да викаме,

костење да збираме, за Бадник да јадиме,

Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.

Колете, бре селани, дебелите крмнаци,

оти Божик ќе дојдит у селого на гости.

Олеле, деде, паднало греде,

отепало дете, дедо се влечи,

баба го плачи, и си го теши:

- Молчи ми старче, кусо магарче,

подај ми праче, да не ти к`лвнат,

твоите гурелки. Подај ми камче,

да удрам петле; да не ти к`лвни,

твоите мрсулки.

Годишни адети од Мачуково од записите на Стефан Веркович

За Коледе

Денот пред Божиќ е Коледе. Децата одат по куките с`с колидчки и викат често: „Кољде“. От куките им дават колајчина. В куќа, што има умрен и не и чиниш оште година, колајчина не дават, ни пак децета одат.

Заедно сус колајчината месат и един колак за караконџалта, којто е на вид таков: 8; него го држат и, ка ке се разбољуват добиците, и зарануват сос него, за да уздравеат.

Таа ден мајките на децата им велат: „Елајте, сино!“ Мајка што ке им каже? факе да им зборува така:

Кољде, Кољде!

Трчи да уткинеме чаш`та,

чаш`та винуто,

и да уткиниме икун`та!

За Б`дник

Вечерта спроти Божик е Б`дник.

Сечат едно дрво горничково което го вељат Б`дник, го запаљуват на ручок и вичера и горе дур да дујадат. От ка ке дујадат, па ги изг`снуват. Това прават дурди крајнут ден на Божиќ: едни тогу гу дугоруват, а пак орачето го напра`уват нешто за ралото, за да им се чине бирекет.

Месат една пресник пугача, в неа клават заманцка пара; а печат в пепелта уф огинут. На вичерта, ка ке седнат на софрата, постарјут факе скршуве едно коматче на Бога, друго на занајутут, што е ф куќта, друго на добиците. Следува така по с`та стока като: нивја, лозја и пр., ен напкум скршуве на него и сус рет дурду ен малќут; бркат пар`та и, в кого а наидат, ф негу е касметут.

Пред вичерта софрата а клават к`де врат`та. Тамо нареждат сите манџи, клават и гореречената пугача. Старите около огинут седат, децата одат а дигнуват софрата; един носе сфетилото друг грнето или м`штрабата сус вин`то, а вељат одеки к`де к`тот:

„Ела дедо Божике да вичераме!“ Напкум вељат на старите: „Добру вечар“. - Они: „Дај Бо` добро! - Добре дошл`, дедо Божике! Добре, добре дошал!!“ Децата клават софрата и бакнуват р`ка сус рет на старите. Една од жејн`те пракадуве сус тимјан по пишин софрата, с`та куќа, келарут, постељ`та, стрејта и др., за да беге лушутјата. Напкун седнуват сите на софрата и зафаќе постарујат да крше пугачата, коту што риче`ме погоре. На пар`та от пугачата остават малце тестинце, а нанижуват на црвен копринен кониц а варзуват на маштрабата или на бутимут.

Прават ушав т.е. пчиница сус пикмес бркана; а пак друзи клават и сол, лук... да от него пешин зафаќат да јадат.

Таа вечер ут се, што са јаде, донесуват на софрата; апнуват сите от секое по малце, за греа: лукче, кромитче, прахче и др. Дури ут лет`то чуват дијни, лубеници максус за Б`дник. Тоги прават ного манџи и саралиа максус за вичер`та.

Малечките деца обикновено и позаспуват пред вичер`та. Тоги `и л`жат, не и устават да позаспат, за да са и они на софрата.

По вичерта околу огинут јадат имише секакви и пиат вино и се весељат. Гледат да гаљат децата, да не се насрдат, така и они межу едни друзи са весељат: не се сфрекнуват за нешто, кога зборуват, ами смеаки, смеаки зашто вељааат: „Ваа вечер ак` сме радосни, веселни, с`та година така ке бидиме, ако напротив = ке имме мараза и кариница.

Огинут с`ноќ горе. Постарјут (домакинут) до него спие, за да го вале. да са ог`ене е греота! От това е останало да вељат за некого, што седе ного ноќта: „Дали Б`дник чувиш?“

Прават пугача, којата а вељат гумно: отузгоре напрауват сус тесто гумно, стогове... и одат на гумното, запаљуват врз неа свеќа. Неа а клават на софрата на Б`дник, на првјут и вторјут ден на р`чко и вичера, ама не а јадат. Дури на крајнут ден а накршуват и а изедуват.

Орачето клават на низуљот палишникут, му наденуват еден колак на пашката - правајут, ушите от рач`то и утрошито. На палишникут запаљуват сфеќа, кога вичерат. Пу вичер`та на чешмата, одат на чешмата, измиват палишникут, да му биде чисто жит`то, да да са продаве. Палишникут и др. стојат на пизуљникут дур ду Сурва.

На воловето им запаљуват свеќа на роговето.

До сите православни христијани Честит Божиќ –

Христос се роди!

Вистина се роди!

Христос се роди!

Вистина се роди!

Христос се роди!

Вистина се роди!