Четврток, 09 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Ова не е прашање на политика туку прашање на егзистенција и помош на луѓето на кои им треба нега

Rachela Mizdrahi

Рашела Миздрахи-Министер за Труд и социјала

Од 8500 барања за периодот 1.6.2019 до 1.10.2019 кои претходно ги споменав, до вчера, 8.1.2020 година до 16 часот, решени се САМО 1589 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Во меѓувреме поднесени се 4603 нови барања, кои воопшто не се пуштени во процедура на решавање, а причината сѐ уште не е позната.

Што значи, во оваа држава, во овој момент, има 11 514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Напоменуваме дека дел од комисиите, до денес, немаат отпочнато ниту со решавање на истите. Ова говори дека Владата и Министерството претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих. Тоа е недозволиво. Семејствата чекаат помош, а не ја добиваат. Ова што го зборувам, не е празна реторика туку нерешени предмети поткрепени со докумeнти. Како и за многу работи, така и за овој голем проблем, не ја зборуваат вистината.

Ова не е прашање на политика туку прашање на егзистенција и помош на луѓето на кои им треба нега. Ги повикувам оние кои не мислат така, вклучително и поранешната министерка да дојде да направи увид во документацијата на нерешените премети и да се увери во вистинитоста на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на оваа држава.

Нападите врз мене и мојот личен интегритет, само ќе ме охрабрат дополнително да се борам за она што сум дојдена, а тоа е БЕЗУСЛОВНО решавање на секој проблем што го имаат граѓаните на мојата држава.
НЕМА да престанам сѐ додека ова Министерство не стане сервис на граѓаните. Отворено, транспарентно, со целосно почитување на законите.

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.