Вторник, 14 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Денеска бев во работна посета на Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар

mi 1Рашела Мизрахи-Министер за Труд и Социјала

Денеска бев во работна посета на Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар остварувајќи средба со Дарко Обадиќ, директор на центарот во Тетово и со директорката Нада Величковска од ЦСР Гостивар.

Мојата заложба и интерес се условите во коишто работат центрите и начинот на работа со странките кои бараат услуги од нив. При тоа, потенцирав дека прва и основна цел на центрите е од тука да излезат задоволни странки посебно затоа што станува збор за лица кои се најчесто во некаков ризик или, пак лица коишто имаат потреба од подадена рака од државата од одреден момент во нивниот живот.

Од разговорите ги слушнав проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во овие центри. Тие се детектирани и ветувам дека сѐ што е во моја моќ и во рамки на законите ќе биде преземено за вработените да добијат подобри услови за работа бидејќи ако се тие задоволни и странките ќе бидат задоволни од нивните услуги.

Вработените во центрите се линкот помеѓу ранливите категории на граѓани и државата којашто треба да ги слушне нивните проблеми за потоа да дизајнира политики прилагодени на потребите на лицата во социјален ризик.

Бев на состанок во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Овде живее горд македонски народ.
Овде во Гостивар, луѓето не се делат по вера, нација и боја на кожа.
Овде сите се едно - гостиварци!

Жално е што нема навреда којашто Владата во заминување досега не ја искажа кон нашата земја.
Македонија ќе се избори за обнова. Македонскиот народ и граѓаните на Македонија ќе ја испорачаат казната за сите погрешни политики на 12 април.

mi7

82586858 117056906482900 3465782000755933184 o

Во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

На мое огромно задоволство имав чест да присуствувам на традиционалното вртење мазник со паричка во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово заедно со пратеникот Горан Манојлоски и членот на Извршниот Комитет, Александар Велјановски.

Обичаите за Василица и потрагата по паричката за среќа се наша традиција со векови. Традицијата е секогаш пред сите останати работи, исто како што и Македонија е над сѐ. Народот е охрабрен и знае дека следува година на промени и обнова.
Нека е за многу години!

tetovo

mi 3

mi 4

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.