Вторник, 14 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски-Средба со Американската амбасадорка

90 1Заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски / Timco Mucunski денеска остваривме средба со Амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз.

На средбата разговаравме за актуелните политички случувања во Македонија, стратешките определби и проблемите со кои се соочува државата и престојните парламентарни избори.

Потенцирав дека САД е стратешки партнер на Република Македонија и се заблагодарив за помошта која нашата држава ја добива од осамостојувањето до денес.

Истакнав дека членството во ЕУ ќе биде клучна стратешка определба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и додадов дека партијата има визија и план како да ја стави државата на брза патека за исполнување на оваа цел.

На моите соговорници им посочив дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на патот кон Европската Унија, а недостатокот на реформи и круцијални проблеми со криминалот и корупцијата се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Напоменав дека постои голем број на нерешени корупциски афери во кои дел се дел високи партиски и државни функционери на СДСМ.

Воедно и се заблагодарив на амбасадорката Брнз за алатката за транспарентност и отчетност „Open finance“ која им овозможи на граѓаните увид во тоа како се трошеле и се трошат нивните пари, а овозоможи и разоткривање на низа злоупотреби од страна на државни функционери.

Во однос на престојните парламентарни избори, се согласивме дека фер и демократскиот изборен процес на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја ќе е клучен за иднината на Република Македонија.

Заеднички заклучивме дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, и дека постои можност за натамошна соработка на полето на економијата, воената соработка и размената на знаења и искуства.

90 2

90 3

 

На прво место

News image

Заев во паника уште сега ја призна победата на ВМРО-ДПМНЕ

Заев во паника уште сега ја призна победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарн...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

News image

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.