Понеделник, 20 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев ја најави победата на ВМРО-ДПМНЕ

vmro 2

Зоран Заев ја најави победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори

 

Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев ја најави победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори.

Зоран Заев знае дека граѓаните не ја поддржуваат неговата антидржавна политика.

Заев е соочен со одговорноста за пазарењето со највисоките национални и државни интереси и затоа се обидува да ги заплаши граѓаните дека ги чека крајот на светот доколку не го прифатат неговото виткање на кичмата како единствен начин да се преживее.

Вистината е сосема поинаква.

Зоран Заев за да ги покрие криминалите, наместените тендери, скандалозните вработувања и уште поскандалозните договори, концесии и лиценци со кои се испумпаа стотици милиони евра од буџетот, се согласи да го потпише Преспанскиот договор кој директно задира во идентитетот на македонскиот народ.

Зоран Заев се колнеше во жицата македонска, во внуците, во таткото и во дедовците дека немало да го менува Уставот и дека не се родил таков човек кој би се откажал од името Република Македонија.

Зборот му траеше се додека неговите послушници не почнаа да рекетираат се живо во државата и се додека не почнаа да се штанцаат крвави тендери и да излегуваат на површина афери како „Леонардо“, „Сархемс“ и останати.

Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе ги порази овие криминални политики.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги корегира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија.

Да, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира Преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство и тоа не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега, бидејќи странските инвеститори нема да ја заобиколуваат земјава притиснати од рекетот на соработниците на Заев.

Зоран Заев е исплашен и треба да биде исплашен бидејќи неговото време заврши.

После 12-ти април следува обнова на Македонија, а секако и одговорност за сите криминали и афери.

 

Историја

News image

ЗНАМЕТО Е СВЕТА РАБОТА

Македонското сонце изгравирано на ѕвоно во 1834 година, на коешто пишува: ☨ МАКЕДОНИА ✵- Мајстор ...

Иселеници

News image

Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората

Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот спис...

Култура и туризам

News image

Чекори кон небото

Чекори кон небото, Виолета Сековска и други

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (8)

III ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ VI) Во Делибатската пеш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.