Вторник, 21 Јануари 2020    Печати
Дојде време кога треба да се направи ревизија на незаконското работење во Министерството за внатрешни работи

81939591 115610243299112 7826936035572449280 o

Наќе Чулев, Министер за внатрешни работи

Во однос на денешното интервју за една од новинските агенции, би сакал само да ја потсетам колешката Петровска дека хаосот во кој во моментов се наоѓа Министерството за внатрешни работи е резултат на лошото работење на поранешниот министер од чиј тим беше дел и самата Петровска. Дојде време кога треба да се направи ревизија на незаконското работење во Министерството за внатрешни работи и веројатно тоа е факт од кој што налогодавците на дополнителнителната министерка се уплашени.

Кога зборува за злоупотреба на позицијата Министер за внатрешни работи веројатно мисли на сите злоупотреби кои високите функционери на СДСМ кои беа дел од Министерството за внатрешни работи ги правеле изминатиот период, а за кои службите на министерството наскоро ќе излезат со конкретни докази.
Веројатно, на дополнителната министерка важно и е само да ги заштити тие функционери од одземањето на службените возила, а правата на вработените во МВР ниту и се важни, ниту пак се дел од нејзината дневна агенда.

Министерството за внатрешни работи мора да функционира согласно правилата и законите и да биде вистински сервис на граѓаните, а не биде "држава во држава".

И додека јас со мојот тим работам на обезбедување фер, мирни, слободни, демократски избори и додека креираме политики кои треба да ја подигнат безбедноста на граѓаните, некој троши време за обвинувања преку медимите и со тоа се обидува да ги замајува граѓаните.

Колешката посочи дека сме започнале да градиме добра комуникација, јас се надевам дека таа комуникација ќе продолжи да се одвива преку заедничките работни средби во МВР, а не преку медиумите на база на шпекулации и дезинформации.

На крајот ќе потенцирам дека за мене како Министер во МВР и како човек кој долго време е во безбедносната област најважно е за граѓаните на Република Македонија да обезбедиме фер, кредибилни и демократски избори. Истовремено да ја гарантираме нивната лична безбедност и безбедноста на целата држава, а со тоа да го продолжиме патот на Република Македонија кон Европската унија.