Понеделник, 10 Февруари 2020    Печати
Зоран Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство

Зоран Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство бидејќи тогаш ќе треба да одговара за сите поткупи, рекети, закани и злоупотреби

Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е спротивен и на Уставот и на меѓународните норми.

Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е оценет како катастрофален и неразумен од сите релевантни правни експерти.

Единствена вредност на овој предлог е тоа што на Зоран Заев треба да му овозможи амнестија за сите сторени криминали.

Зоран Заев е сигурен дека со ваквиот нереформски предлог закон ќе продолжи да ги контролира слугите во Јавно Обвинителство кои слепо ги извршуваа неговите наредби овие три години.

Зоран Заев не сака независно и професионално обвинителство кое неселективно ќе се бори со криминалот. Зоран Заев сака марионети кои ќе го амнестираат него и неговите соработници, а политички ќе го гонат секој што ќе му застане на пат. Затоа повеќе од една година се молчи за запленетите снимки од прислушуваните разговори на јавните обвинители, а нема истрага ниту за криминално поделените бонуси тешки милиони евра.

Зоран Заев ги одби деветте забелешки на законот јавно изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и експертите, а го одби и предлогот новиот закон да го напишат најдобрите познавачи на проблематиката.

Зоран Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство бидејќи тогаш ќе треба да одговара за сите поткупи, рекети, закани и злоупотреби.

Стравот на Заев од одговорност за криминалот е главната причина поради која што се обидува со поткуп и закани да обезбеди поддршка за неуставниот закон.

Граѓаните на 12-ти април ќе стават крај на ваквото криминогено владеење.

На 12-ти април ќе заврши хибридниот режим на Заев и ќе следи одговорност за сите понижувања и поигрувања со државата и правдата.

Зоран Заев никогаш повеќе!

ВМРО-ДПМНЕ