Среда, 12 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Амнестија за Заев, Катица Јанева и Боки 13 е главната цел на СДСМ

alt

Амнестија за Зоран Заев, Катица Јанева и Боки 13 е главната цел на инсистирањето на СДСМ да се донесе новиот закон за јавно обвинителство.

Заев сака да не важат како докази снимките за рекетот и криминалите во кои се инволвирани тој и неговите соработници.

Без да ја почитува волјата на граѓаните, со измами, криминал и корупција Зоран Заев го започна својот мандат. На ист начин, шверцерски и криминално, три години подоцна го завршува мандатот баш како што го започна и практикуваше.

Насилното туркање на Законот за обвинителство е уште една потврда дека во Република Македонија владее хибриден режим.

Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев сака на шверцерски начин да го изгласа Законот за Јавно обвинителство, а крајната цел на ваквото законско решение е да се спасат од одговорност за сите криминални афери изминативе 3 години.

Амнестијата на криминално рекетарската банда за СДСМ е поважна од забелешките на правните експерти кои жестоко го критикуваа законското решение на Заев.

Она што го нуди Заев со Законот за јавно обвинителство е доживотен мандат за Вилма Русковска и Љубомир Јовевски кои ќе можат да се сменат само со 2/3 мнозинство во Советот на јавни обвинители. На овој начин Заев се осигурува дека делата против него никогаш нема да бидат преточени во обвиненија, а Русковска и Јовевски ќе продолжат со селективната правда и ќе ги извршуваат неговите наредби.

Ова е причината поради која СДСМ е подготвено по секоја цена дури и на шверцерски начин, кршејќи го собранискиот Деловник, Уставот и законите да го протурка новиот Закон за обвинителство.

Ниту еден закон нема да ја спаси власта од одговорност. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои што изминатите три години наместо да го гонат го штитеа криминалот и корупцијата. По 12 април ќе се врати правдата во и за Македонија, а владеењето на Зоран Заев нема да се повтори никогаш повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мицкоски:Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене е борба за спас на Македонија

Мицкоски:Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене е борба за спас на Македонија, Заев ќе падн...

Историја

News image

Грчки фашисти

Грчките фашистички окупатори си даваат за право да присвојуваат Македонска територија историја и и...

Иселеници

News image

СРЕДБИ КОИ СЕ ПАМЕТАТ

Поранешниот претседтел на Репубика Македонија Ѓорѓе Иванов...

Култура и туризам

News image

Д-р Виолета Ачкоска - познавач на македонската историја (9)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (9)

IV РАЗВОЈ НА ПАЛЕОГРАФИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.