Среда, 26 Февруари 2020    Печати
Дилетантите од СДСМ ги убија ТВ гледачите

vg1

И тамам помислив дека со СДСМ сме го допреле дното кога оно можело уште повеќе да тонеме. Па, онаа познатата „подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“ ми се гледа како љубовна поема кога ќе помислам дека СДСМ ја водеа нашата мила државичка Македонија последниве 3 и кусур години. Па, зарем нема ли некој таму со здрав разум и да каже: Луѓе ова не го бива, голема грешка правиме! И да има, а знам дека има, очигледно не ги есапат за живи тие личности.

Почитувани читатели донесен е закон со кој операторите (Телекабел, А1 Близу, Макс ТВ на Телеком… итн) преку кои гледате телевизии, домашни и странски, кривично одговараат доколку некоја од телевизиите емитува пиратски филм. Да објаснам поедноставно:

Кога двајца другари одат во кафеана и нарачуваат две пива, Келнерот мора да гарантира дека хемискиот состав на пивата е ист како на етикетата, во спротивно во затвор. Да, да драги мои.

СДСМ донесе закон со кој на Вас како гледачи Ви се забранува да гледате телевизија. Монструозните идеи на СДСМ имаат цел да граѓаните на Македонија немаат можност да се информираат за време на престојната политичка борба за каков криминал станува збор кога се во прашање овие другари. Нивната монструозност дури оди дотаму дека операторите може само да ја емитуваат МРТВ, ама таму бил директор Маријан Цветковски, кој нели е од ВМРО-ДПМНЕ, и дека сеуште сме ние во заробената држава на „режимот на Груевски“. Уште неможам да ја разберам злобата која ја промовираат.

Кога криминално го носеа законот за Јавно Обвинителство носеа и закон за медиуми (правилно е ЗААВМУ, ама вака да бидам подобро разбран) два пати ги „измочаа од керамиди“ другарите од ДУИ. Првиот пат Талат Џафери за оние 74 гласа, а вториот пат лично и персонално Артан Груби. Да му објаснам на Артан на што се потпишал:

  1. Во делот на сузбивање на пиратерија има сериозни институции кои потврдувам дека сериозно си ја разбрале работата дека они се таму да плетат џемпери, а не да спроведуваат закон. Сега со овој закон ги озаконија плетките на џемперите.
  2. Артан Груби се потпишал дека конечно ќе се расчисти со пиратеријата без да се консултира дека му е подметнато решение за туѓи лукративни интереси.

Почитуваниот Артан Груби мора да знае дека операторот само пренесува сигнал, не може со ништо да го видоизмени и не смее со ништо да гарантира. Операторот го прима сигналот и го дава до крајниот потрошувач, граѓанинот.

Очекувам од Артан Груби да го соопшти монструмот кој му го подметнал ова хорор решение да несреќно го потпише и да загрози 400.000 домаќинства односно 1,300.000 граѓани – ТВ гледачи.

Сепак неможе да не ги споменеме нашите иницијатори, националните терестријални ТВ Станици. Имам три прашања за нив:

  • Дали знаат дека математиката дома е многу различна од таа на пазарот?
  • Дали знаат дека сега им се наместија на европските правила дека сопствениците и нивни семејства во иднина нема да смеат да се јавуваат на тендери? Значи нема згради, рудници, бензиски пумпи, штедилници, води итн (ова не важи сега за сега за ТВ Алсат и ТВ Алфа, оти нивните сопственици немаат дополнителна дејност). Ах мојата чудесна земја со чудесни директори на Телевизии
  • Дали знаат дека лаком задник три клоци јаде?

За операторите еден совет. Ви се обраќа некој кој седнал заедно со неколку пријатели кои доста разбираат, а добар дел  и Вие ги познавате и подготвиле сериозно решение за овој тип на проблем. Работеле повеќе години. И јас велам:

Комплетно Ве разбирам. Јас водев многу војни токму со Вас. Не сте сите исти. Има и помеѓу Вас многу ѓубре кое морате самоиницијативно да го расчистите. Доколку ги исклучите каналите ќе мора да ја исклучите и МРТВ. Како ќе гарантирате дека нема да пиратира? Неможете.

Затоа јавно Ве замолувам да не брзате со одлуките. Не е во прашање никој од нас поединечно. Збориме за држава, која за жал е излажана и која не е свесна што чини.

Надминете се самите себеси. За што Ви е потребна Пирова победа која носи премногу жртви? Нема никаква потреба.

Автор: Виктор Грозданов