Петок, 28 Февруари 2020    Печати
На Зоран Заев му се случи народ

На Зоран Заев му се случи народ. Илјадници граѓани излегоа на улица барајќи правда. Тие гласно го изразија револтот против неправдата чие олицетворение е токму Заев.

Ова е причината зошто Зоран Заев се крие и молчи, зошто е голема паниката на Бихаќка, зошто е голем стравот од сопствениот народ.

Тој беше фатен како договара судски одлуки и активности на обвинителството на дело. Веќе нема дилема кој е на чело на криминалниот октопод кој со своите пипци продре во секоја пора на општеството. Делегираната правда е неправда, а токму на тој начин владееше Зоран Заев изминатите три години давајќи наредби до Луј Витон судството кое беше злоупотребено за политички прогон и заштита на криминалот на власта.

Луј Витон судството го штитеше криминалот и корупцијата на власта. Не истражи ниту еден криминален тендер и грант, а сега прави се за да го ослободи од одговорност Заев за случајот „Рекет“.

Јасно и е на целата македонска јавност зошто Русковска и Јовевски се уште не го повикале Зоран Заев за мешање во правосудството.

Јасно е и зошто Русковска не го повикува Вице Заев да каже за што разговарал на средбите со Зоран Милевски, осуден за случајот „Рекет“.

Три пати аболицираниот криминалец треба да се амнестира уште еднаш. Целта на Луј Витон судството, Јовевски и Русковска е да ги заштити милионите на фамилијата Заеви, да ги спаси од долгогодишна робија.

Но крајот е близу, македонскиот народ ги брои деновите до 12-ти април, денот кога правдата на голема врата повторно ќе се врати во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ