Петок, 28 Февруари 2020    Печати
Мицкоски до Заев: Ве гледам во очи, ќе одговарате за криминалот

Вие барате амнестија, но тоа нема да се случи. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12-ти април. А јас ве гледам директно во очи, за сите вклучително и јас, ако се огрешиле пред законот кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ да одговараат за кои што постојат докази да бидат изведени до крај. До крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува тие како за вас и оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Претседателот Мицкоски додаде дека треба да се зборува за реформите во судството затоа што без квалитетни реформи во судството, без квалитетни обвиненија, без квалитетни пресуди не може да се оправдаат постоењата во политиката.

Јас можам да зборувам за она на што сум сведок. И се чудам на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години. Па тој лично го водеше телото за реформи. Многу е доблесно да кажете дека сте погрешиле, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека има многу случаи каде што и нелегално стекнати материјали поради јавен интерес и основано сомнение за криминал се земаат како докази. „Да ги читам став 2 и став 3? Знаете што е дефиниција за заробена држава, кога се прави закон за определена група на луѓе. Законот вика исклучок од овој член се предметите од јавното обвинителство поранешното СЈО кои што се поднесени до 30 јуни, а се што е после 30 јуни може да с користат само како индиции и да нив не може да се заснова обвинителен акт.

Претседателот Мицкоски укажа дека дополнително јавноста го слушна Заев како се јавува и збори на телефон кој што да прави во судството.