Петок, 28 Февруари 2020    Печати
Заев јавно призна дека го управувал судството

001

Во текот на дуелот на Телевизија Канал 5, Зоран Заев призна дека тој којшто го управувал и обвинителството и судството преку телефонски разговори и директни средби како треба да се води една постапка. Заев директно призна дека и посочил на обвинителката Вилма Русковска како да го раководи случајот „Рекет“.

Виe можеби и да сте го пријавиле случајот, но не се пријавува случајот кога ќе го викнете кај вас во кабинет еве видете слушај сега што ќе правиме? Се знае каква е постапката господине Заев кога се пријавува случај. Каде е тој документ дека сте пријавиле ? Се сеќавате дека сте потпишале документ кога сте го пријавиле случајот? – нагласи Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде дека за секој сторен криминал ќе се одговара пред законот и Уставот на Република Македонија.