Петок, 06 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Република Македонија со Зоран Заев стана единствената држава во Европа каде има осуден новинар

Криминалецот Заев во страв од пораз и да не се дознае вистината за „Рекет“ посегна по новинарската слобода

Република Македонија со Зоран Заев стана единствената држава во Европа каде има осуден новинар, само затоа што ги извадил криминалите на власта на површина.

Криминалецот Заев во страв и очај од изборен пораз и во паника да не се дознае вистината дека токму тој е главата на октоподот кој стои зад Рекет, посегна по новинарската слобода и осуди критички настроен новинар за пишување информации од јавен интерес.

Заев со пресудата преку неговото Луј Витон правосудство сака да испрати порака до сите новинари да не ги објавуваат неговите криминали и криминалите на неговата влада.

Целата македонска јавност знае дека зад драконската казна на Луј Витон судството стои токму Заев кого сите го слушнавме како и претходно нарачувал судски пресуди, а целта е никој во државава да не зборува и да не пишува ниту за рекетираните милиони од повеќе бизнисмени ниту за сите погрешни политики и порази кои ги нанесе изминативе три години.

Ова за жал не е единствен случај. Откако Заев е на власт сведоци сме како се контролираа па затвораа медиуми, како се сменуваа критички настроени уредници, се поднесуваа кривични пријави и се цензурираше секоја објава за тешкиот криминал на бандата на Заев.

Дополнително на тоа дека Заев е во страв и паника од пораз говори и фактот дека за неполни 24 часа го промени ставот за имињата на училиштата само да се додвори на одредена група гласачи во обид да ги покрие сите скандали на корупција и криминал на неговата влада.

Лажењето на Заев му стана навика па незаконитоста на менувањето на имињата на училиштата во Чаир, по само 1 ден стана законска. Толку лаги изнесува секојдневно во јавност што повеќе не му е важно што излажал претходниот ден , каде излажал, кого излажал и какви се последиците.

Повеќе од јасно станува дека Заев повеќе не се контролира ни себе , ни тоа што го мисли и говори. Секој ден се повеќе покажува дека е очаен и истрошен политичар во заминување кој не може да се помири со тоа дека наскоро ќе одговара пред  законите за сите свои злодела нанесени на Македонија и македонските граѓани.

Колку и да се обидува да тероризира и уценува, Заев не може да му избега од судот а граѓаните. Пресудите, заканите и лагите нема да го спасат од тоа што му следува на 12 април.

На 12 април следува крај на мафијата на Зоран Заев и СДСМ и следува обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.