Петок, 06 Март 2020    Печати
Заев во паника од пораз ги злоупотребува институциите за ширење на лаги

Реакција на прес конференцијата на Васко Ковачевски

Зоран Заев е во паника од поразот кој му претстои и одговорноста со која што ќе мора да се соочи по 12 април.

Затоа ликови како Васко Ковачевски мора слепо да ги извршуваат неговите нарачки и да ја злоупотребуваат службената положба за да лажат и клеветат претворајќи ги институциите во партиски говорници.

Зоран Заев за валканата кампања си одбра лик сличен на него за кого постојат сериозни индиции за криминал.

За Ковачевски постои сомнеж за сериозен криминал со оглед на фактот што на два месеци пред избори распродава милионска сопственост на државата, како во случајот со Попова Шапка. За Ковачевски се врзува и новиот бонбона бизнис со раскрчмувањето на Тиквешко езеро и целиот воден фонд на Црна Река на 50 дена пред избори. Поради неодговорното работење на Ковачевски денес имаме речиси празни акумулации и тоа Шпиље, Мавровско Езеро, Тиквешко и Козјак. За ова, како и за многу други сомнителни активности на Ковачевски ќе има одговорност после 12 април.

Провиден е обидот на СДСМ пред секој изборен циклус со лаги и манипулации да креира непостоечки случаи, со кои ќе дефокусира од реалните проблеми на граѓаните и криминалот на власта на Заев. Исто беше со ланските манипулации за хидроцентрали, кои паднаа пред антикорупциска, исто е и ова.

Васко Ковачевски денес ја превзеде улогата на гласноговорник на лагите на Заев и злоупотреби државна функција за тесно партиски цели. Лагите кои ги изнесе и на кои и самиот не им верува, најдобро се демантираат со фактот дека таа зима Македонија беше зафатена со вонредно ниски температури и не смееше на никој начин граѓаните да останат без струја.

Доколку Ковачевски, СДСМ и Заев досега имаа било каков доказ за злоупотреба, тогаш имаа три години апсолутна власт и контрола над Луј Витон правосудството и сигурно ќе бараа правна разрешница.

Вака станува очигледно дека во очај и нервоза пласираат лажни вести, само и само да го ублажат престојниот пораз. Они пласираат, ама никој не им верува.

ВМРО-ДПМНЕ