Петок, 06 Март 2020    Печати
Антонио Милошоски-Како дојдовте, така ќе си одите!

13015226 1207221359297328 5587478577898828894 nАнтонио Милошоски

Почитувани новинари, вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков.

Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите.
83872390 3118286204857491 2517436827908964352 n

Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено. Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли.

Како дојдовте, така ќе си одите!
Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес.
Ќе Ве отворам како пупка!
Се слушаме наскоро #ТикТак