Сабота, 07 Март 2020    Печати
Македонија со аболициран криминалец на власт, нема европска перспектива

Реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

СДСМ ја води државата со криминал и корупција. Цел свет виде како пулените на Заев носат торба полна со милиони низ Скопје, како да е кеса со компири.

Македонија со аболициран криминалец на власт, нема европска перспектива.

Никој во Европа не сака да споделува вредности како што се рекет, криминал, корупција, лаги и нарачани судски пресуди.

Заев ја посрамоти државата на секаде. Не е европска иднина Луј Витон судство и трас трас систем на пресуди.

Не е европска иднина кога премиерот не смее да биде повикан на распит, иако сите индиции кажуваат дека е поврзан со милионскиот рекет.

Македонија тоне во безизлез. Заев се богати, а граѓаните осиромашуваат.

Криминалот, рекетот и корупцијата не се европската иднина на Македонија.

Македонија има потреба од обнова која доаѓа по 12-ти април, која ќе ја стане државата на нозе и ќе биде гаранција за напредок кон ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ