Сабота, 07 Март 2020    Печати
АКО Е ЗАБАЕНО, ДА НЕ Е ЗАБОРАЕНО

ivanov 1АКО Е ЗАБАЕНО,  ДА НЕ Е ЗАБОРАЕНО

По двенеделната посета на поранешниот претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорѓе Иванов на Австралија, каде претстојуваше со својата сопруга Маја и син Иван, ги посети градовите Мелбурн, Сиднеј и Волонгонг.

Неговата посета се состоеше во хуманитарен карактер за собирање на парични средства за купување на минибус за превоз на пензионерите во Мелбурн.

ivanov 2Во чест на Иванов беа организирани три свечени балови во Мелбурн, Сиднеј и Волонгонг, направени посети на основното училиште во Лалор Норт и во болницата Сент Џорџ во Когра и беа организирани две коктел средби во ФК „Илинден“ Рогдаел, спонзорирана од сопственикот на компанијата за прехранбени производи БЕНИНО, Крсте Трајчески и во општината Бејсајд, во Рогдаел, која ја организира поранешниот градоначалник Бил Сарафиновски.

ivanov 3Најтопло добредојде му приредија младите групи од фолклорните друштва „Вардар“ од Бенкстеон и „Илинден – Западен Сиднеј“, кои со развиорени знаменца и фолклорни потскоци му кажаа дека и надвор од Македонија тие се Македончиња кои ја чуваат и афирмираат македонската култура и во оваа многу далечна земја. Иванов беше топло поздравуван и од стотици Македонци кои не го заборавија неговото претседателствување во најтешките моменти во македонската историја.

На повеќето собири д-р Иванов имаше свои излагања кои претежно се состоеја за историјата на македонскиот народ , за нејзините поделби и робства и за бројното иселеништво кое живее низ целиот свет. Нормално, многу малку се задржаваше во своите беседи за моменталната состојба на својот народ во Република Македонија. Во интервјуто за СБС радиото на македонски јазик, остро ги отфрли оптужбите дека не го прифаќал предлогот на полтичката партија „Македонски манифест“, за да и го врати уставното име на Република Македонија во Обединетите нации, кое и беше променато со благослов на Преспанскиот договор, а во согласност со надворешните и домашни фактори.

Сите државни одлуки не сум ги правел сам, туку сум ги правел со сите мои советници. Повеќе од тие одлуки се чуваат во строга доверливост (Топ сикрет), кои еден ден, со овластени лица ќе бидат отворени и тогаш јавноста ќе дознае за нашите одлуки и ќе оцени дали сме биле во право ние или не! Од овој човек, по предлог на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во 2016 година, јас добив медал за заслуги за Македонија, па како реванш, во име на споменатото друштво и потпишана од претседателот на друштвото Душан Ристевски,  со поетесата Марија Александрова, на Средселото во Џенсен Овал, му доделивме благодарница на проф. д-р Ѓорѓе Иванов за доследноста на неговата заклетва која како Претседател на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на Македонија – смело ја изговори  дека - Достојно ќе ги бранам суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Република Македонија од внатрешните и надворешни предизвици, закани и ризици, како и Уставниот поредок на Република Македонија...!

Ете, тоа е вистинската одлика на еден македонски политичар, а не „политичар“ кој за пари и фотеља ја продаде Македонија.

Иван Трпоски