Недела, 08 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
8 март Меѓународен ден на жената

8-mi-mart-2aМеѓународниот ден на жената- светски празник што се одбележува на секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Прв пат Денот на жената одбележан е на 28 февруари 1909 година во САД со декларацијата која ја донесе Социјалистичката партија на Америка.

Идејата за одбележување на Меѓународниот ден на жената се појави кон почетокот на 20-тиот век во времето на брзата индустријализација и економска експанзија која често доведувала до протести поради лошите услови за работа.

Жените вработени во индустријата за текстил јавно протестираа прв пат на 8 март 1857 година во Њујорк поради лошите услови за работа и ниските плати. Полицијата ги растури демонстрациите, а жените два месеци подоцна основаа Синдикат.

Осмомартовските протести наредните години станаа традиција, а најмасовни беа во 1908 година кога 15.000 жени маршираа низ улиците на Њујорк барајќи скратено работно време, подобри плати и право на глас.

Првата Меѓународна женска Конференција беше оддржана во 1910 година во Копенхаген во организација на Социјалистичката интернационала, кога на предлог на Клара Цеткин,  која била член на Германската социјалистичка партија, воспоставен е Меѓународниот ден на жената.

Наредните години Меѓународниот ден на жената одбележуван е во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле прв стадиум на руската револуција.

После Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтај го наговорила Владимир Илиќ Ленин, 8 март да стане државен празник и во текот на советскиот период се користи за одбележување на „херојството на работничките“.

Меѓутоа, во многу комунистички држави тој празник ја изгуби својата идеолошка основа и стана можност мажите да ја искажат љубовта и почитувањето кон жените.

На Запад, Меѓународниот ден на жената главно престанал да се одбележува во 30-тите години од минатиот век, но феминистките во 60-те години повторно почнаа да го одбележуваат.
Во 1975 година, која беше прогласена за Меѓународна година на жената, ОН официјално почнаа да го одбележуваат овој празник.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Заев притиска за избори на кои наместо гласови ќе броиме починати и заразени

Додека Македонија ги брои новозаразените и починатите, наши сограѓани со име и презиме со семејс...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.