Понеделник, 09 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
НЕ УБИВАЈ ГО ГЛАСНИКОТ!

tomic-slobodan

“Не разбирам зошто треба да зборуваме лошо. Ако сакате некого да посрамотите, доволно е да кажете некоја вистина за него“, Фридрих Ниче.
Сосема на место. Вистината не плаши и не боли. Таа треба да го прекине срамот кој сме го сториле самите ние! Тој што бега и се плаши од вистината и резилот, тој секојдневно се губи и дави во сопствените гревови и злодела. А, медиумите се тие кои ја пренесуваат вистината и укажуваат на делата и злоделата. И не случајно таа е четвртата сила после судската власт пред неа!
 
Каде сме ние денес? За жал, и натаму во темните зандани на ненародната власт, на режимот кој нанесе тешки полседици по државата и народот.
 
Да осудиш новинар само затоа што ја кажал вистината е врв на диктатура, заедно со судиите апологети на хибридниот систем.
 
Заради незаборав, новинарот Александар Митовски е ocуден бидејќи изнесе на виделина докази од јавен интерес со сeриозни индиции: Зоран Заев ги прeдупредил Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски – Кичеец дека се откриени во кpиминалниот случај “Рeкет“. Епилог: Новинарот е осуден на 6 месеци затвор! Еднакво на харакири за нарачателот и извршителот. Да повториме: Зошто пресудата затвор? Затоа што новинарот ја кажал вистината за еден криминал кој го уништува ситемот, ја подјадува целата држава.
 
Велеа: Ние ќе бидеме поинакви од другите! Ние ќе бидеме за правна држава и за почитување на правото! Е, сега, прашањето: На каква правна држава мислеше поранешниот премиер Зоран Заев и неговата тајфа, кога имаме грешки во чекори?!
 
Една од одредниците на ЕУ е слободата во медиумите! Да, токму слободата во медиумите! Па тогаш, за каква слобода, СДСМ и Заев се залагаат? За обвиненија и пресуди од “Бихачка“ до судството “Луј Витон“?
 
Инфомакс како македонски портал е еден од најчитаните и најпосетените интернет медиуми. Портал во кој се пренесуваат сите дела и злодела за кој и да е политичар или политикант во Македонија, не како некои кои дефинитивно се додворуваат на своите “лидери“, “шефови“, “газди“ и наредбодавачи, притоа славејќи го нивното име и злодела?
 
Вистината и правдата се шило, тие продираат насекаде и во секое време! Никој не може и не смее да им застане на патот! Затоа, не смееме да им се спротиставиме! Кој ги заобиколува, тој е свесен што го снајдува, се знае каде им е местото. Дали оваа со казната на новинарот Митовски, значи опомена за сите новинари, медиуми или за народот кои не се на линија со режимот на Заев?
 
И, кој ќе биде наредниот новинар или медиум? Патот на теророт, насилствата или прогонот кон чесниот и објективен новинар или вработен во медиумите е осуден на пропаст.
 
Политичарот секогаш треба да ја разбере вистината, никогаш да не војува или да ги осудува медиумите, ниту пак да им се заканува, оти медиумите се сила, тие се моќ. Секако ова се однесува на објективните, професионалните и достојните на неговото височество читателот, слушателот или гледачот. Медиумите постојат за народот, тие се будното око и уво на народот! Пукајќи во новинарот и неговата вистина, ти пукаш во народот, ти се самоубиваш!
 
И овојпат пак со таткото на психоанализата Зигмунд Фројд: “Првиот знак за човечката глупост е целосно отсуство на срам.“
 
Значи, кога ќе се засрамите поради туѓото однесување или изјава, или се чудите на нечии неверојатни постапки, веднаш знаете со кого си имате работа. Да, токму така, ние знаеме со кого имаме работа, ќе рече народот, но притоа и самиот народ еднаш засегогаш треба да се отрезни од заспаноста и зачмаеноста кога станува збор за неговиот избор и глас. Народот треба да се ослободи од срамот и стравот кои му ги наметнува секојдневно политикант кој менува исказ побрзо од брзината на светлината. За Фројд таа дијагноза се нарекува егзибиционизам!
 
Медиумите треба да се остават слободно да си ја вршат работата, новинарите треба слободно да ја изразат својата мисла и суд за волја на вистината и правдата. Секако, не е за оправдување новинар кој се служи со лаги и изнуди или невистини што создаваат штети по човекот и човештвото.
 
Новинарот на Инфомакс, осуден на најдраконски начин во време кога народот треба да си го даде и каже својот став и глас е јасен показател и порака дека овој хибриден режим треба што поскоро да замине во ситоријата, од каде што посака да го избрише Македонскиот народ со договорите со Ципрас и Борисов.
 
Македонија денес е единствена држава во Европа каде што новинар е ocyден со кaзна зaтвор само заради пишан збор! Условот кој што Кацарска cyдството и Русковска oбвинитeлството му го даваат на новинарот за да нe оди зад рaшетки е да прeстане да пишува за рeкeтот на кpиминалниот клaн на фамилијата Заеви и да престане да трага по вистината, односно да не говори за најголемиот кopyпциски cкaндал што ја трeсе(ше) Македонија.
 
Убивајќи ја вистината, убивајќи го гласникот, се самоубиваш себеси! Затоа: Не убивај го гласникот! Јавноста го памети првиот политички монтиран процес 2003/2004 година против новинарот Слободан Томиќ, поради што беше избркан од МРТВ. Никој не застана позади Томиќ, ниту Здружението на новинарите на Македонија. А, причината беше одбраната на Македонија 2001 година од ОВК!
 
Не убивај го гласникот!
 
пишува: Слободан Томиќ
 
 

На прво место

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.