Понеделник, 09 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски на средба со Орбан: Македонија да не биде заложник на криминалната власт на Заев

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија да не биде заложник на криминалната власт на Заев, барам датум за преговори, ветувам сериозен план за реформи по изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски денес (09.03.2020 година) во Будимпешта остварија средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската владејачка партија Фидеш Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, европските перспективи на државата и начините за понатамошна соработка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го информираше Унгарскиот премиер за загрижувачката економска и политичка состојба, како и високиот степен на криминализираност на општеството која поминува неказнето и со отсуство на волја на македонската Влада да влезе во отворена битка против корупцијата. Воедно, Мицкоски на средбата посочи дека нема друг таков пример каков што е случајот со Заев каде премиерот се фали со остварено влијание и диктирањето на одлуки на Врховниот суд и обвинителството  и без притоа да има било каков правен епилог,  ниту разрешница за ваквиот скандал.

Со оглед на фактот што актуелниот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархелиј доаѓа токму од партијата на Орбан, главна тема на разговорот беше инсистирањето и лобирањето на Мицкоски Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

-“Граѓаните и државата не смеат да бидат заложници на погрешните и погубни политики на Зоран Заев и неговата влада, нема повеќе време за губење и е потребно да се даде датум за преговори, при што ВМРО-ДПМНЕ гарантира  сериозен план по изборите за имплементација на мерки и реформи кои државата ќе ја стават на брза трака на патот кон Европската Унија, а воедно ќе се надополни изгубеното време”, посочи на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски побара од Орбан како член на Европскиот Совет да се заложи во убедувањето на другите шефови на влади на земјите членки на Унијата да и овозможат на Македонија датум за отпочнување на преговори. На средбата Мицкоски истакна дека сега лобира за датум за преговори, а по датумот ветува силен капацитет на спроведување на реформи кои ќе ја остварат европската перспектива на државата.

На средбата Мицкоски ја пренесе и загриженоста поради сериозниот атак кој го прави власта врз слободата на медиуми и ја органичува слободата на говор и спротивно мислење. Пресметката со неистомислениците говори за нискиот степен на демократски капацитет и стравот кај власта од престојниот пораз на изборите.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за градење на мостови на соработка со Унгарија, со сите држави во Европската Унија и пошироко со цел остварување на заедничките државни и национални интереси.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за време на еднодневната посета на Унгарија чија единствена агенда беше средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан изрази подготвеност за продлабочена соработка и развој на меѓусебните односи.

ВМРО-ДПМНЕ

 

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.