Вторник, 10 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Даваме шанса на нова генерација

Мицкоски: Даваме шанса на нова генерација, над 95% се нови кадри и кандидати за пратеници, која ќе ја донесе победата

Мицкоски: Даваме шанса на нова генерација, над 95% се нови кадри и кандидати за пратеници, која ќе ја донесе победата
Денес заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што едногласно ја усвои листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, информираше на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Можам да соопштам дека ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број на нови имиња, свежи кадри, и врвни индивидуи кои се обединуваат околу нашата мисија за обнова на Македонија. Можам да соопштам дека идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите.“

Мицкоски потенцираше дека над 95 проценти се луѓе кои што за прв пат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници.

„На сцена даваме шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина. Сакам да им се заблагодарам на досегашните пратеници и воедно ќе посочам дека влеговме во битка каде секој човек е важен. Што се однесува до носителите на листи, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе настапи со две надпартиски решенија. Во првата изборна единица ќе настапиме со професорката, Гордана Силјановска Давкова, а во 5-тата изборна единица со врвниот уметник, Игор Дурловски. Во втората изборна единица носител ќе биде потпретседателот Владо Мисајловски, а во третата изборна единица генералниот секретар Игор Јанушев. Во 4-тата изборна единица носител ќе биде Александар Николоски, и во 6-тата докторката Дафина Стојановска.“

Тимот што ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ!
ИЕ1 Гордана Сиљаноска,
ИЕ2 Владо Мисајловски,
ИЕ3 Игор Јанушев,
ИЕ4 Александар Николовски,
ИЕ5 Игор Дурловски,
ИЕ6 Дафина Стојановска.

11111111

Во изборната единица број 1, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова од Центар,
  2. Д-р Тимчо Муцунски од Центар,
  3. Доцент д-р Синиша Стојановски од Аеродром,
  4. М-р Бети Стаменковска Трајковска од Кисела Вода,
  5. коалиција,
  6. коалиција,
  7. Проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска од Центар,
  8. Тони Јаревски од Карпош,
  9. Сафет Бишевац од Студеничани,
  10. Весна Марковска од Аеродром,
  11. Игор Никовски од Кисела Вода,
  12. Ружица Николовска од Карпош,
  13. Коалиција,
  14. Влатко Мојсовски од Македонски Брод,
  15. Јасмина Паметковска од Сопиште,
  16. Мартин Стојановски од Сарај,
  17. Филип Ѓорѓиев од Центар, предлог на УМС,
  18. Тамара Михајловска од Аеродром, предлог на УМС,
  19. Сергеј Попов од Центар, предлог на УМС и
  20. Бисера Златеска од Македонски Брод, предлог на УМС.

Во изборната единица број 2, Централниот комитет ја утврди следната листа на кандидати за пратеници:

  1. Владо Мисајловски од Ѓорче Петров,
  2. Д-р Рашела Мизрахи од Карпош,
  3. Бране Петрушевски од Куманово,
  4. коалиција,
  5. Жаклина Пешевска од Гази Баба,
  6. Дарко Костовски од Бутел,
  7. Бојан Стојановски од Ѓорче Петров,
  8. Зоран Коцевски од Гази Баба,
  9. Емилија Ангелова од Чаир,
  10. Кети Димковска од Куманово,
  11. коалиција,
  12. Зоран Бајовски од Чучер Сандево,
  13. Ерџан Демири од Шуто Оризари,
  14. Дијана Илиевска од Гази Баба,
  15. Мартин Стефановски од Старо Нагоричане,
  16. Игор Атанасовски од Гази Баба,
  17. Борче Илиевски од Бутел,
  18. Искра Крстевска од Чаир,
  19. Наташа Манкиновска од Ѓорче Петров и
  20. Тихомир Алексовски од Куманово.

Во изборната единица број 3, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Игор Јанушев од Велес,
  2. Иван Јорданов од Штип,
  3. Благица Ласовска од Свети Николе,
  4. Д-р Иванка Василевска од Скопје,
  5. коалиција,
  6. Игор Здравковски од Велес,
  7. Миле Лефков од Кочани,
  8. Никола Мицевски од Штип,
  9. Даниела Христова од Виница,
  10. Марија Петрушевска од Петровец,
  11. Драган Ковачки од Делчево,
  12. Јохан Тарчуловски од Скопје,
  13. Весна Ничева од Штип,
  14. Анри Андоновски од Крива Паланка,
  15. Д-р Марјан Миленковски од Пробиштип,
  16. Цветанка Каракашева од Пехчево,
  17. Верче Мицевска од Илинден,
  18. Христина Смилевска од Делчево,
  19. Киро Нацков од Градско и
  20. Лидија Анакиева од Зрновци.

Во изборната единица број 4, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Александар Николовски од Охрид,
  2. Ане Лашкоска од Прилеп,
  3. Дајанчо Ефтимов од Василево,
  4. Ели Панова од Струмица,
  5. Зоран Јованчев од Кавадарци,
  6. Петар Ристески од Прилеп,
  7. Проф. д-р.Здравко Трајанов од Радовиш,
  8. Ангелина Петкова од Гевгелија,
  9. Златко Пенков од Неготино,
  10. Д-р.Јадранка Поцкова од Струмица,
  11. коалиција,
  12. коалиција,
  13. Дејан Бошков од Валандово,
  14. Ирена Стерјоска Локвенец од Прилеп,
  15. Слободан Ивановски од Кавадарци,
  16. Димитар Лазаревски од Могила,
  17. Катерина Мојсоска од Кривогаштани,
  18. Златко Темелковски од Кукуречани,
  19. Владимир Ристов од Струмица, предлог на УМС и
  20. Александра Свајќароска од Прилеп, предлог на УМС.

Во изборната единица број 5, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Игор Дурловски од Битола,
  2. Антонио Милошоски од Кичево,
  3. Д-р. Силвана Ангелевска од Битола,
  4. Д-р. Кирил Пецаков од Охрид,
  5. Јован Јаулески од Струга,
  6. Д-р. Олга Лозановска од Битола,
  7. Ѓорѓија Сајковски од Кичево,
  8. Лидија Петкоска од Охрид,
  9. Мирче Аџиовски од Струга,
  10. Грација Бакрачевска од Охрид,
  11. Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше,
  12. Бобан Бојковски од Битола,
  13. Билјана Проеска од Крушево,
  14. Тасин Ибраим,
  15. Никола Најденовски од Демир Хисар,
  16. Олгица Божиновска од Кичево,
  17. Ѓорѓи Влајкиновски од Вевчани,
  18. Алмедин Шаиновски од Дебар,
  19. Жанета Савевска од Ресен и
  20. Сандра Пејковска од Демир Хисар.

Во изборната единица број 6, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Дафина Стојаноска од Гостивар,
  2. Александар Велјановски од Тетово,
  3. Фуркан Чако од Гостивар,
  4. Стојан Тодоровски од Брвеница,
  5. Јасминка Богдановска од Теарце,
  6. коалиција,
  7. Анита Бошковска Јовановска од Тетово,
  8. Милан Јовановски од Гостивар,
  9. Никола Крстовски од Јегуновце,
  10. Верица Зафировска од Теарце,
  11. Бране Стојчевски од Брвеница,
  12. Станислав Бојчевски од Тетово,
  13. Татјана Каранфиловска од Гостивар,
  14. Татјана Стојановска од Јегуновце,
  15. Александар Гиновски од Теарце,
  16. Стојан Стрезовски од Гостивар,
  17. Валентина Стефановска од Тетово,
  18. Костадин Гогов од Тетово,
  19. Маја Зафировска од Брвеница и
  20. Билјана Тошевска од Јегуновце.

-Одиме на сигурна победа. Секоја генерација има своја битка, исто како и нашата генерација, и ние денес имаме историска улога и одговорност да извојуваме победа која ќе донесе подобри времиња за Македонија. Нашата победа е обновата. Обнова која ќе донесе повеќе за секого, повеќе правда, повеќе вредности, повеќе принципи, повеќе работа, повеќе пари, повеќе здравје, повеќе среќа, повеќе ред, повеќе сигурност и повеќе насмевки и верба дека ќе успееме, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

Мицкоски: Август и септември цениме дека е најдобар период за одржување на избори

Мицкоски: Август и септември цениме дека е најдобар период за одржување на избори, затоа што тогаш...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За неко...

Иселеници

News image

ПОЕТСКАТА ПРИКАЗНА ЗА РАДА КРСТЕВСКА – ВИДИНОВСКА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ...

Култура и туризам

News image

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (21)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.