Четврток, 12 Март 2020    Печати
МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА: И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАЈКА МАКЕДОНИЈА

89844940 10220043971024303 5652056045321715712 oМАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА СО ЈАСНА И ГЛАСНА ПОРАКА " И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАЈКА МАКЕДОНИЈА "

Ние Македонците кои живееме надвор од границите на Македонија сме неотуѓив дел од Македонија и ќе УЧЕСТВУВАМЕ во изборниот процес на предвремените парламентарни избори во Македонија !

Со исполнување на Законскиот Цензус,односно бројот кој требаше да се иполни е да биде колку пратеникот со најмал број на гласови од минатите избори, а тоа е 6.540 гласови кој ги добил пратеник во Изборната единица 6.

Со задоволство ве известувам дека Македонската Дијаспора го исполни и го надмина законскиот ценус од 6540 регистрирани гласчи .До истекот на рокот 11ти Март 2020 24:00 Македонско време ширум Македонската дијаспора се регистрирани вкупно 7508 гласачи.

Битката за правото на глас ја добивме, но сега не чека уште поголемата, потешка битка за масовна излезеност и гласање во Дијаспората на 11ти Април 2020 во Македонските Абасади и Конзуларни преставништва ширум светот!

Се гледаме на избори каде имаме шанса да обереме наш Македонски претставник во новата Влада на Репулика Македонија!

Оваа акција на Македонската дијаспора координирана од Глобалната координативна мрежа на Македонците во светот и Координативното тело на Македонците во Европа и Организацијата Обединети Македонци од Канада е значајна од повеќе аспекти, но најзначајно е тоа што Македонците кои живеат насекаде низ светот, не остануваат имуни на политичките случувања во Република Македонија.

89673768 10220044507877724 5025313595487944704 o