Четврток, 12 Март 2020    Печати
Дијаспората е најдобриот амбасадор за Македониј

342

7,508 успеаја да поднесат пријави пред крајниот рок синојќа.

Обединета Македонска Дијаспора им се заблагодари на сите кои се регистрираа да си го исполнат своето право на глас особено затоа што ниту едно дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија не испрати информации дека регистрирањето се случува. Истовремено, ОМД примети дека институциите надлежни за соработка со дијаспората само еднаш објавија за регистрирањето на социјални мрежи на 19ти фебруари но не испратија информации преку е-маил. Исто така, на неколку наврати веб страницата на ДИК не функционираше а во последниве два дена недела беше поспора од обично.

Од самото формирање на нашата организација во 2004 година, ОМД бараше гласање на дијаспората, и во 2011 тоа беше овозможено. Најдобриот начин за да може најефективно и најефикасно, без големи трошоци за Република Македонија, да се организираат изборите во дијаспората е преку електронско гласање и преку пошта, како што многу демократски земји го прават. Се надеваме во иднина ќе видиме лидерство во Македонија кое ќе ја донесат оваа одлука. Се друго е само изговор.

Дијаспората е најдобриот амбасадор за Македонија, и Дијаспората најмногу и помага на Македонија. Тоа никој не може да го оспорува.