Петок, 13 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Прогласување на кризна состојба, и сет антикризни мерки за бизнисот и граѓаните

Mickoski

Внимателно ја следиме состојбата со развојот и ширењето на корона вирусот. Прогнозите се загрижувачки, а состојбата не се подобрува. Она што страда е здравјето на граѓаните, но и еден значаен сегмент од стопанството.

Здравјето е пред се, и нема цена, но воедно како општество мораме да признаеме дека престои и дополнителен кризен период за македонската економија која што е под сериозен удар.

Забележани се низа пропусти, недоследности и неподготвеност на владини структури и надлежните институции во справувањето со последиците од корона вирусот и пропусти во организирањето на превенцијата. И тука ќе престанам.

Со полна одговорност сакам да посочам дека нема да навлегуваме во деталите, нема да дозволам ова да се претвори во меѓупартиска битка или тема за влечење на политички поени, иако сето ова може да се забележи од страна на власта. Нема да долеваме масло во запалениот оган, сега тој треба да се изгасне, а за одговорноста ќе збориме после завршување на кризата со корона вирусот.

Она што е неопходно и нужно во периодов е носење на сет на антикризни мерки за здравјето на граѓаните и помош за погоденото стопанство. Во текот на вчерашниот ден во консултација на тимот доктори и членови на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и економскиот тим изработивме и денес нудиме сет антикризни мерки за заштита на граѓаните и помош на бизнисот.

Но пред се, за да се имплементираат овие мерки со оглед на тоа што Собранието е распуштено и нефункционално, ВМРО-ДПМНЕ и предлага на владата веднаш да прогласи кризна состојба на цела територија на државата согласно чл. 3, став 1, алинеја 5 од Законот за управување со кризи.

Тоа значи дека предлагаме Владата веднаш да донесе одлука за постоење на кризна состојба соодветно на што ќе ги активира сите законски механизми за разрешување на кризната состојба.

Откако ќе се направи ова, му предлагаме на Управувачкиот комитет да и предложи на владата конкретни мерки за справување со економските последици, и тоа:

Најпрвин предлагаме дополнителен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните:

Прво, да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства и нивно поставување на јавни прометни места како и овозможување на бесплатна употреба и располагање од граѓаните.

Второ, државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните.

Трето, потребно е формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други превентивни помагала. Ова не случајно го говорам, бидејќи забележани се енормни високи цени кои се нереални при продажба на маските, односно не смее да се дозволи богатење врз здравјето на граѓаните. И за ова имаме конкретни докази за една веледрогерија блиска до власта, за која доколку институциите не реагираат доказите за нереално високи цени и наплаќање на излезни фактури за маски 40 пати повисоки од влезните ќе ги објавиме во јавност.

Четврто, обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, и тука освен здравствените работници, под ризик се и работниците на градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица.

Петто, предлагаме редуцирање на работата на државната администрација, половина од администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи, со тоа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.

Шесто зголемување, т.е. удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.

Седмо, овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.

Осмо, потребно е формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки

Деветто, еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот.

Покрај ова рековме дека воедно паралелно со ова треба да водиме битка и да ја задржиме економската и макроекономската стабилност во државата, и да се санираат штетите кај компаниите кои што се погодени од корона вирусот. Затоа предлагаме сет антикризни мерки за бизнисот и санирање на последиците и штетите од смалениот промет и намалената работка на стопанството.

Затоа ги предлагаме следниве економски антикризни мерки за месец март:

Прво, предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.

Второ, замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

Трето, државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите.

Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти, знаете тоа се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, како што е угостителството, како што се текстилната индустрија, кожарската индустрија и останатите сектори.

И конечно последно, потребно е веднаш да се направи анализа на сето она кое што е погодено од новостанатата ситуација со корона вирусот и врз основа на таа анализа да се детектираат кои се економските оператори, компаниите кои што се погодени и веднаш на истите да им се помогне.

Значи ова е сетот мерки економски кои што ги предлагаме веднаш сега за месец март, веднаш по прогласување на состојба на криза од страна на владата.

Почитувани,

Ова е подадена рака за помош. ВМРО-ДПМНЕ ја нуди целокупната поддршка и експертска помош преку тимот на доктори кои се дел од нашата комисија за здравство и знаење од областа на економијата за справување на последиците од корона вирусот.

Мора да се заштити здравјето кое е пред се, но и да се заштити стандардот на граѓаните, и целокупната состојба во државата.

По преземањето на власта ве уверувам дека уште со позасилено темпо, но и динамика на активности за справување со последиците на корона вирусот ќе продолжи на ВМРО-ДПМНЕ. До тогаш останува активно да помагаме и да ја нудиме нашата поддршка и знаење.

 

На прво место

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.