Понеделник, 16 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Стабилна е безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа
Nake ChulevНаќе Чулев

Во насока на ефикасно преземање на превентивни мерки со цел заштита на здравјето на граѓаните, ја информирам јавноста дека:

Стабилна е безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Во изминатото деноноќие, на целото подрачје на двете општини каде е прогласена кризна состојба не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти и нема сообраќајни незгоди.

На терен, продолжуваат мерките што полициските службеници ги преземаат согласно оперативниот план, вршат обиколка низ централното градско подрачје и приградските населби, ги контролираат угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници) и се грижат за доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот.

Непречено се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

Од страна на соседните земји за влез се затворени сите гранични премини, освен граничниот премин Деве Баир кој во моментов функционира непречено. Сообраќајот за тешки товарни возила се одвива нормално.

Министерството за внатрешни работи активно е вклучено во спровод и конвој на заглавените товарни возила во меѓуграничниот простор.

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период асистираше на Државниот пазарен инспекторат во спроведување на одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти и таа асистенција ќе продолжи и во следниот период.

На денешната седница на Кризниот штаб предложив затворање на сите гранични премини за влез во државата. Оваа одлука очекувам попладне да биде потврдена од страна на Владата и да важи за сите патнички возила кои влегуваат во државата, освен за македонските државјани и кај оние каде има посебен економски или државен интерес.

Упатуваме апел до сите граѓани строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик

 

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.