Вторник, 17 Март 2020    Печати
Боби Темелков: Апел до Македонската Заедница во Торонто и околината
9016
Боби Темелков: Апел до Македонската Заедница во Торонто и околината и Македонски Заедници ширум светот
 
Препорака и Апел до пензионерите,болни и изнемоштени лица кои се во најголемата ризична група од зараза со корана вирусот да останат во своите домови ,да не ризикуваат и се изложуваат непотребно излегувајки на јавни места.
 
Ако имате потреба од прехранбени продукти,лекови или други неопходни намирници, јавете се кај вашите роднини ,пријатели да ви помогнат.

Ако немате кој да ви помогне ве молам пишете ми во порака дека имате потреба и ви треба помош.
 
Македонската заедница во Торонто и околината ќе формира група на Македонци (Волонтери) кои не се во ризичната категорија за зараза од корана вирусот кои ќе ви помогнат за сите ваши НЕОПХОДНИ потреби.
 
Апел до сите Македонски Заедници ширум светот да превземат слични доброволни акции за заштита од Корана вирусот на нашите пензионери,болни и изнемоштени лица кои се во најризичната категорија .

Ви благодарам