Среда, 18 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Ова не го правам како политичар, ова го правам единствено како човек
89975258 231825164678209 8174180323228123136 n
Кире Михајлов-Вељуса,Струмица,Македонија

Немам многу, но здравје и пред се желба да помогнам и да дадам колку можам имам. Во периодов кој претстои ќе се обидам да помогнам кому можам, онолку колку можам, а пред се на постарите!
Моето населено место Вељуса стана место во кое безмалку сите млади, генерациите пред мене, мојата и генерациите по мене заминаа по белиот свет затоа што животот така ги натера, а гледаме дека повеќето од нив немаат можност да се вратат во моментов во Македонија!

Деновиве доаѓа време во кое незнаеме што и како ќе биде, што и колку ќе трае, но време во кое покрај короната ќе дојдат и обичните настинки и грипот. Тие луѓе, пред се во поодминати години можеби ќе им затреба нешто за НАСТИНКА, за ГРЛО, за ИМУНИТЕТ, ЧАЕВИ и се останато што ќе го имаат како дневна потреба затоа што ова можеби нема да заврши брзо, пензиите можеби ќе им доцнат, а нит ќе можат ниту ќе биде во ред да одат да го набават, а ниту пак ќе има кој од најблиските да оди и да им набави.
Затоа еве јас купив колку можев од се што можев за настинка, за кашлица, за грло, за притисок, чаеви и сето тоа го имам дома на лагер. Ќе го чувам соодветно и можам да му го ДОНИРАМ секому кому ќе му биде потребно, ќе му го однесам дома без да го изложам на опасност од ЗАРАЗУВАЊЕ од било каква инфекција.

Од причина што тие постари луѓе немаат можност да читаат и пишуваат овде, еве апелирам до сите мои ФБ пријатели од моето населено место кои знам дека безмалку секојден комуницираат со нивните родители и останати најблиски, нека бидат на линија и во периодов кој претстои им стојам целосно на располагање затоа што на крајот од денот само здравјето е тоа за кое заеднички треба да се бориме, а сите ние независно од која возраст, пол, вера, нација, а најмалку од која партија сме мора да се помагаме и гледаме кој колку и кој кому може!

Ако нешто немам еве кај и да е се надевам ќе ни ја исплатат и платата од институцијата во која работам и што треба и што можам ќе одам и ќе им доземам, само побарајте ме, пишете ми или известете ме било како. Во добро и лошо, сите ќе се најдеме. Ова не го правам ниту како политичар ниту како било што останато, ова го правам единствено како човек кој како и сите Вас има повозрасни родители дома и знам како е. Како одминува времето и се судираме со најразлични предизвици, човечноста е единственото нешто кое може да не спаси и нас и овој свет од се што ќе дојде!

Да сте ми живи и здрави, Господ нека е со нас, нека не чува од се деновиве кои доаѓаат и нека ни дари пред се здравје и сила да ги поминеме сите искушенија и предизвици со кои ќе не вкрсти!

 

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.