Петок, 20 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Мора да се спасат бизнисите на компаниите, да се задржат вработените и да се одржи државниот буџет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното интервју за Сител телевизија, истакна дека владата мора да прифати економски мерки за да се спасат бизнисите, вработените да ја задржат работата, и да се покрие дупката што ќе настане во буџетот за да може истиот да ја задржи ликвидноста.

– Мојата грижа е да предложиме што повеќе мерки, да се избориме тие мерки од оваа влада да бидат прифатени, за да спасиме што е можно повеќе човечки животи.  Ова коешто излезе како сет на мерки коишто Владата ги предложи е повеќе навредливо. Нам ни треба акција во економијата, не шминка. Секој ден апелираме веќе седум, осум дена, секојдневното чекање подразбира повеќе трошок за граѓаните, повисока камата на парите, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека денеска 12 илјади луѓе во две фабрики остануваат на годишен одмор, што ќе се случи со оние коишто се погодени особено во секторот транспорт, туризам, угостителство, тоа се илјадници наши граѓани.

– Државата треба веднаш да покрие 50% од трошоците за секој еден вработен, како плати така и придонеси, но и замрзнување на ратите кон банките и заемодавателите, за да може да се спасат бизнисите но и да се задржат вработените во Македонија.  Зборуваме и за плати и за придонеси, да почувствуваат сопствениците на бизниси дека некој застанал рамо до рамо со нив, затоа што тој како сопственик на бизнис наместо да стави клуч на врата и да го испушти вработените, претпоставувам има некакви залихи, и ќе живеат пристојно. Но што со вработените, ќе помине пандемијата, и тие ќе ја напуштат државата и многу тешко ние ќе можеме бизнисот да го рестартираме. Затоа тој мора како човек кој е сопственик на бизнис да почувствува дека државата размислува заедно со него и е подготвена да сноси 50% од ризикот“ потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека многу е важно да се преземат сите мерки, да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, ќе немаат резервации.

„Не репрограмирање туку замрзнување затоа што дека ќе репрограмирате рата од 100  евра па ќе плаќам 50 евра кога имам приход нула.  Потребна е веднаш робусна акција. Веднаш да се санираат штетите во буџетот кои што ќе настанат поради намалениот приход од ДДВ бидејќи потрошувачката е намалена, граѓаните нема да трошат уште долго време и мора таа дупка некако да ја надоместиме.“ потенцираше Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека добро е што власта ја прифатила мерката на партијата за да се одложи аконтацијата за данокот на профит за април, мај и јуни, но потребно е да се прифатат сите мерки за да се спасат бизнисите, вработените но и државниот буџет.

Во таа насока тој посочи дека понудиле да се направи тим во кој што ги предложиле техничкиот заменик министер Гордана Димитриеска Кочоска и професорот, член на Извршниот Комитет, професорот Трајко Славевски да бидат дел од тој тим кој што оперативно ќе го спроведе задолжувањето и ќе врши надзор, како се трошат тие пари и дали стигаат до бизнисот.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.