Среда, 25 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ како политички ентитет е кој што од првиот конгрес дал поддршка за зачленување во тогашната европска заедница

 

Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ утрово на една од утрински емисии ги поздрави вработените по маркетите, здравството, полицијата, војската и медиумите, токму тие луѓе во овие најтешки моменти помагаат на граѓаните на Република Македонија. Во текот на утринска емисија се осврна и на прашањето со ЕУ.

„Од ВМРО-ДПМНЕ имаше условно кажано честитка дека се радуваме, дека ова е голем успех за нашата држава, дека е нешто на што работиме повеќе од 20 години. Ние го сметаме искрено како колективен успех, не само на сите политички генерации кои што досега се занимавале со оваа тематика, туку на многу вработени од јавниот сектор која што цела кариера ја посветиле на ова прашање. Невладини организации, поединци кои што вложиле за промовирање и давање на совети во делот на евроинтеграциите, претставници на бизнис заедницата и академската заедница“, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека сето ова е еден чекор кој што ја радува целата нација, го радува и ВМРО-ДПМНЕ како политички ентитет кој што од првиот конгрес дал поддршка за зачленување во тогашната европска заедница.

„А, што е за нас сега битно? Што побрзо да имаме датум за меѓувладината конференција која што всушност ќе биде формалното означување на отпочнувањето на преговорите. И доколку тоа не успее да се случи во мандатот на оваа влада, граѓаните треба да бидат спокојни без грижа и да знаат дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи за таа меѓувладина конференција да се случи што е можно поскоро. И формално да ги отпочне преговорите бидејќи колку и ние да се радуваме, колку и да има симболично значење, овој момент на отпочнување на преговори значи дека сериозна работа доаѓа пред нас. Ние имаме предизвици посебно земајќи во предвид таа методолошка рамка каде што приматот е на владеење на правото и стабилни демократски институции“, нагласи Муцунски.
Муцунски образложи дека Македонија има огромни недостатоци во полето на владеење на право, и стабилни демократски институции кои што мора да се нотираат, а посебно во делот на корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.