Среда, 25 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Одлично интервју со д-р Манчев Ванковер, специјализант по педијатрија , совети и одговори за COVID-19 вирусот

 

До нашиот портал деновиве стигнаа многу прашања и барање за совети од стручни лица, па д-р Манчев Ванковер, специјализант по педијатрија, ја прифати поканата и направивме одлично интервју :

Медиа 24 :
1. Што е COVID-19 и што го прави различен од другите вируси ?
Д-р Манчев Ванковер:
# COVID-19 е вирус од групата на coronavirus, кој како и сите вируси е составен од генетски материјал RNA и липопротеинска обвивка. Вирусот може да се реплицира САМО во клетка, значи не може да опстане надвор од клетка ! Она што го разликува од другите вируси е БРЗИНАТА НА ШИРЕЊЕ, во краток временски период се заразуваат премногу лица и поради тоа здравствените институции немаат капацитет одеднаш да ги примат сите пациенти, за разлика од другите вируси ( на пр. грипот ) од кои заболуваат годишно од 250 000 до 500 000 лица, но во различен период од временски интервал од шест месеци. До сега, има вкупно заразени 400412 лица, а 17454 починати !
 
2. Како се пренесуваат коронавирусите ?
# Главен начин на ширење е преку флигеовите капки ( аеросолно ) кои се пренесуваат преку кашлање, кивање и зборување, но може и преку контакт ( ракување, допир на лице).
 
3. Кои се симтомите на овој вирус ?
# Почетокот на клиничката слика е НЕСПЕЦИФИЧЕН како и за други респираторни болести : зголемена т.температура, треска, болки во грлото, сува кашлица, малаксалост, затнато носе без секрет ! Во мал број случаи ( најчесто кај повозрасната популација и кај лицата кои веќе имаат друга болест ) болеста брзо прогредира и ги зафаќа белите дробови, па има отежнато и плитко дишење.
 
4. Колку време е потребно за некое лице да манифестира болест по направен “сомнителен” контакт ?
# Од моментот на влез во организмот има период на инкубација до 14 дена, а некои стручни лица сметаат и до 25 дена, но најчесто е до 14 дена. Тоа значи дека во тој период лицето нема клинички симтоми, но може да го пренесе вирусот на друго лице ( што е многу важно да го знаат граѓаните ) ! Потоа во најголем број случаеви може и да не се развие никаква клиничка слика или многу блага и во такви ситуации нема потреба да се оди на лекар ( доволно е консултација по телефон ) ! Во одреден процент ( помалку од 20 %) се развива потешка форма на клиничка слика и тогаш мора да се направи преглед кај доктор, а по потреба и да се хоспитализира.
 
5. Има ли лек против овој вирус ?
# Како и за сите вирусни инфекции ЛЕК НЕМА кој ќе го уништи вирусот ! Последниве денови имаше многу шпекулации по медиумите, но се тоа е во домен на медицински истражувања и дел од набројаните лекови се користат САМО за лекување на компликации кај болеста.
 
6. Дали кај одредено лице откако ќе оздраве, се создава имунитет и колку трае ?
# Добро прашање. Овој тип на вирус е речиси неистражуван и сеуште не се знаат многу важни податоци што секако е предизвик за вирусолозите. Не се знае дали постои и друг начин на пренос ( дали има и други трансмитери и дали постои и друг резервоар на заразата), – напоменавме, точното време на инкубација и дали сите рецептори во респираторниот систем подеднакво го прифаќаат вирусот – дали и колкава е промената на геномот при трансмисијата ? ( се мисли дека вирусот во Европа има 20% променет геном во однос на вирусот во Кина поради настанатите мутации) – дали се создаваат антитела во организмот и колку тие имаат “моќ” да се изборат со нова зараза и колку време трае тој одбранбен механизам, – дали има повеќе серотипови овој вирус, што е многу важно за да одговориме дали некое лице може пак да се разболи од истиот вирус.
 
7. Колку долго очекувате да трае оваа пандемија и колкав број на заболени лица ќе има во нашата земја ?
# Неблагодарно е да се предвидува, посебно затоа што овој тип на вирус е недоволно истражуван. Веројатно бројот на заразени ќе расте експоненцијално, спрема очекуваните статистички криви, но многу важно е да потенцираме дека и покрај спомнатово “делумно масовно” тестирање, бројот на лабароториски потврдени случаеви во оваа ситуација зависи правопропорционално од бројот на земени лабораториски тестови кај сите суспектни случаеви.
Пример, за да сфатат читателите, доколку во моментов се направат лабараториски тестови кај сите лица на кои им е одредена мерка самоизолација ( повеќе од 9000 ) веројатно дека најмалку 20 – 30 % ќе бидат со позитивен наод ( тоа се околу 2000 лица). Во неможност да се направат тестови на сите суспектни, би требало за заболени лица да се евидентираат и оние кај кои постои клиничка слика, без потврдени лабораториски резултати ( како што е случај со останатите типови на вируси во изминативе сезони кои ги пријавуваат матичните лекари, врз база на земени брисеви само кај одредени лица по што се утврдува дека одреден тип на вирус е доминанантен за одреден временски период на одредено подрачје). Но најважно е таа определена бројка на заболени да немаат тешка клиничка слика и потреба од прегледи, хоспитализации или поставување на респиратори, во краток временски период од неколку денови. Затоа е потребно да се почитуваат препораките од здравствените институции, се со цел да се развлече (“испегла”) кривата на заболени, да нема нагол пик и колку е можно да биде без стрмен врв ! На ваков начин ќе може здравствениот персонал да одговори соодветно на секој пациент. Пример, ако во еден ден се разболат 1000 лица – прво ќе нема доволно доктори за да ги прегледаат, на околу 150-200 пациенти ќе им биде потребна хоспитализација, а на 5 % ( или на 50 пациенти) ќе им треба кислородна подршка и евентуално потреба од респиратор ! Тоа би било само за еден ден, а ако таквата состојба трае два-три дена би се добила бројка од 150 лица да имаат потреба за респиратор ! И во контекст на одговор на прашањето, добар податок е тоа што , најчесто, јачината на виремијата драстично опаѓа после три или четири периоди на инкубација ( 4 х 14 или 25 дена = 56 до 100 дена )
 
8. И за крај, кои ќе бидат советите за сите читатели :
Најупотребуваната е најефикасна : Останете дома ! Избегнувајте контакти со други лица, доколку има потреба за излегување од било која причина, да се држи социјална дистанца од најмалку два метри со секое друго лице ( потенцијално секој може да биде преносител на болеста), дури доколку се може контактот со секое лице да не трае подолго од 10 минути ! – ДА СЕ МИЈАТ РАЦЕ со топла вода најмалку 20 секунди, после секаков контакт со надворешната средина, – маски и ракавици да се носат по препораките на СЗО, маска задолжително носаат заразените лица за да не го пренесат вирусот, при контакт со заболено лице или потенцијален преносител, но не треба маска кога се движите надвор, на отворен простор. – и исто многу важно, слушајте препораки само од стручни лица, потврдени со научни трудови ( доколку има ), а не од секој портал! – и избегнувајте да следите вести во текот на целиот ден, доволно е само десет минути за да сте во тек со дневните настани !
И сосема за крај, оваа пандемија ни покажува дека сите луѓе на планетата сме исти, дека треба да бидеме подобри и почовечни кон секој друг, можеби ќе не научи како повеќе да ја цениме природата и слободата …
 
Интервју за www.media24.mk 
 

На прво место

News image

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.