Среда, 25 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Факти во врска со коронавирусот САРС-02 што предизвикува зараза Ковид-19

szo

Факти во врска со коронавирусот САРС-02 што предизвикува зараза Ковид-19

Се’ што овде е наведено е врз основа на научно засновани наоди. Предложените “народски“ лекарства се забележани од лица што или прочитале чуле за нив или самите ги испробале.           

Оптимална температура за развој на вирусот е околу 8,5 0С. Таа се постигала и при дишење студен воздух.   

Белгиски научници работат на изнаоѓање на метода со која клетките на организмот кој го примил вирусот и на кои се закачува коронавирусаот со своите пипци, ќе се направат доволно мазни за вирусот со пипците да не може да се закачи за да влезе во клетката и од нејзината содржина да се развива и да се умножува.         

Овој коронавирус бил составен од три компоненти. Едната компонента биле протеини и од нив се составувало телото на вирусот. Една од компонентите била материја од која се составувала обвивката на вирусот. Оваа материја се распаѓала под дејство на ланолинот (или слична материја) што ја имало во тврдиот, не во течниот, сапун. Заради тоа научници предлагаа користење на тврд, класичен, наместо течен сапун.           

Светски позната научничка-вирусолог од Србија смета дека една тура на развој на коронавирусот трае околу 25 дена. Потоа настапува втора “генерација“ која има послаби карактеристики и исто така трае околу 25 дена. Веќе третата “генерација“, по следните 25 дена ја губи силата, а четвртата генерација е сосема ослабена. Според неа, произлегува дека слабеењето на вирусите, вклучувајќи го и овој вид вирус, не е поради промената на температурата, туку поради “генерациите“ на вирусите, што таа го очекува и со овој вид вирус. На ваквиот пристап резерва изразуваат други научници-епидемиолози. Но, од друга страна, во прилог на ставовите на Српската научничка оди тековниот развој на вирусот. Имено, сега има произлезено втор вид вирус кој има послаби карактеристики од првобитниот.           

Како храна што треба да се зема заради зајакнување на имунитетот на организмот научниците предлагаат храна во која има витамин Д, како што се рибите, жолчката од јајцата и млекото и млечните производи. Покрај тоа, се предлага изложување на кожата на сончеви ултравиолетови зраци, а во краен случај и земање на Д-витамин како додаток на исхраната. Ова последново не смеело да се прави на своја рака, ами под контрола на лекар поради можните негативни ефекти од предозирањето на организмот со Д-витамин.           

Во однос на исхраната во текот на седењето дома, треба да се има предвид дека поради помала физичка активност може да дојде до растројства во работата на организмот. Поради ова би требало да се избегнува и земање поголеми, односно неконтролирани количини храна, но во истовреме да се води сметка да се земаат видови прехранбени производи што придонесуваат за задржување или дури и зголемување на имунитетот, за одржување, дури и подобрување на циркулацијата низ организмот, за ограничување на пушењето и земањето поголеми дози на алкохолни пијалоци. Примената на таканаречената хронодиета (под овој термин би требало да се подразбере определување и придржување кон термини во текот на денот за доручек, ручек и вечера) би требало да се применува за да се направи ред во земањето оброци, а храната да не се претвори во начин на (штетно) “убивање“ на времето. И обемот на храна за секој оброк би требало доброволно да се ограничи.           

Научно е утврдено дека знаци за можна заразеност со коронавирус било губењето на осет за вкус и за мирис. По ваквите индикации лицата требало доброволно да одат во самоизолација - до медицинско утврдување на можната заразеност.           

Научно е утврдено дека вирусот Ковид-19 не е вештачки создаден туку е мутант од природен вирус што опстојувал во лилјаци, а на човек е пренесен преку некое посредно животно. Со ова отпаѓаат шпекулациите за намерно предизвикување на пандемијата преку вештачки зафати. Поаѓајќи од ова и научниците се обидуваат да пронајдат лек или вакцина како за природно создаден вирус. При ова, треба да се наведе и фактот дека вакцината би била помалку ефикасна кај постари лица, кои всушност се и најподложни на него.

Одовде па натаму во текстов се наведени факти за кои нема сигурна потврда од научни извори, но не значи дека можеби “не држат вода“:

Веќе се спомнува можна терапија на одредени пациенти зафатени од Ковид-19 со примена на лек за маларија и одреден вид антибиотик. Ваквата комбинација дала резултати во други земји, особено во Франција. Ако е ова така, тогаш може да се претпостави дека можат да постојат и “лекови“ од народската-алтернативната медицина што би можеле барем да се пробаат за да се види нивното дејство. Има размислување дека ваквите “лекарства“ треба да и’ бидат предложени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Овде ќе бидат наведени неколку такви “лекови“:

Кромид (и лук) како заштита од бактериски и вирусни инфекции (лек од племе од Јужна Америка)

При епидемии на вирусни инфекции, како заштита од нив, во просториите во кои се живее или се престојува треба да се држат нелупени главици кромид. Кромидот ќе ги привлече вирусите, а лицата што живеат или престојуваат таму нема да бидат зафатени со инфекцијата. Ако одредено лице е веќе заболено од вирусна или бактериска инфекција, покрај неговиот кревет треба да се стави главица нелупен кромид пресечена на половина и избоцкана со вилушка. Ако кромидот се стави  одвечер, утрото кромидот треба да биде во лоша состојба, но болниот треба да се чувствува значително подобро. Корисно било да се остави и главица лук бидејќи обата овие плода имаат антибактериско и антивирусно својство.

Сируп од пупки (пупулки) од бор

Одредена количина пупки (пупулки, цветови) од бор, што се создаваат напролет, кога борот цути, значи овие денови (околу 25.3.2020 година) се ставаат во шише со поширок отвор и се покриваат со шекер. Се оставаат на сонце додека од смешата се создаде сируп. Сирупот потоа се цеди, а остатокот од пупките се фрла. Ваквиот сируп е добар за проблеми со градите, како кашлање, создавање на шлајм и слично, но и со дишењето преку нос. Може да се меша и со мед, особено мед од костен и бор, кои се најдобри за оваа намена. Ваква комбинација претставува и сирупот “Борова наслада“ што се произведува во Бугарија. Баба Рада имала рецепт за забрзано изготвување на сируп од бор.

Алтернатива на сирупот од бор е и мед со врвови од бор што го прават во Берово. Неговото правење бара време од барем еден месец. Постои и лице што продава боров мед од шишарка, Злате Јачевски, тел. 075 513 823. Имам купено, но не сум го пробал (ова не е реклама за човекот!).

Сирупот “Борова наслада“ се наоѓа и под името Бугарски мед. Го продаваат Бугарките што продаваат на Битпазар, но го има и на тезга на пазарот. Тезгата се наоѓа на овој начин: се влегува во пазарот од влезот под надвозникот и се оди право кон излезот - кон другите тезги со дребулии - преку улица. Пред да се излезе од пазарот, од левата и десната страна има треварки што продаваат тревки и други алтернативни “лекарства“. После нив, а пред да се излезе од пазарот, од десната страна, на самиот агол, човек продава ваков сируп (и ова не е реклама за него!).

Лек за вируси

Лек за вируси бил танинот од црното вино. Се врие црно вино со многу танин додека испарее алкохолот и течноста дојде до половина од почетната количина. Се оладува и се пие по една супена лажица повеќепати, а најмалку трипати на ден.

Во однос на мерките за заштита од овој вирус, истите би требало да бидат дополнети со следното:Покрај избегнувањето на допирање со прстите на устата, носот и очите, би требало да се избегнува контакт и со ушите бидејќи помеѓу ушите и грлото постои врска преку Евстахиевата труба (како што постои врска и помеѓу очите и меките делови на главата) преку која може да се пренесе и вирусот.

Треба да се обрне внимание на ноктите кои, особено во ова време, треба да бидат редовно сечени за под нив да не се собира нечистотија, вклучувајќи и вирус, односно при миењето на рацете да се обрне внимание и на чистотата под ноктите.

Ако се користи маска (а треба да се користи), ако е можно треба да се избере маска што налегнува помеѓу носот и образите. На тој начин се намалува можноста вирусот непречено да помине низ тој отвор на маската и непосредно да влезе во носот или устата. Истото се однесува и на налегнувањето на маската под брадата, со што ќе се затне и тој можен канал за поминување на необработен воздух.

Би било корисно при разминување со други пешаци (кога се оди еден кон друг) или при нивното одминување (кога во однос на другиот пешак се оди побргу и се поминува покрај него), ако е можно да се држи пропишаното растојание од 1,5 до 2 метри и во истовреме да се намали или да се задржи дишењето додека помине разминувањето или одминувањето.

Веројатно би било корисно да се направи обид, додека трае пандемијава да се вежба поплитко дишење за по можност да се избегне вирусот евентуално да навлезе подлабоко во градите, особено ако се седи дома и се немаат позначајни физички активности.

Ако се појде од фактот дека овој вирус е произлезен од животни од природна средина, се поставува прашањето дали негови носители можат да бидат и други животни, како на пример, кучиња скитници. Оттука се поставува и прашањето дали треба да се имаат мерки и внимание и кон ваквите можни извори. За таа можност нема ниту потврда ниту одрекување, односно јавно искажано размислување.

Мирко Трпески

 

На прво место

News image

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.