Сабота, 28 Март 2020    Печати
Децата во Македонија ќе учат дека Александар Македонски бил Грк, а Македонците Илири

Децата во Македонија ќе учат дека Александар Македонски бил Грк, а Македонците Илири

Учебниците по историја во Македонија ќе се преправаат и во нив изричито ќе биде наведено дека Александар Македонски бил Грк, објавува грчки „Трибјун“.

Весникот тврди дека на состанокот на Заедничкиот комитет на експертите од Грција и од Северна Македонија во Скопје било договорено во учебниците да стои дека „Атина, Спарта и Македонија се трите темели на грчката цивилизација“.

Со ова се расчистуваат сите тврдења за античкиот карактер на Македонија, а античките Македонци всушност ќе бидат претставени за Илири.

Многу интересно тврдење, ако се земе предвид дека таткото на Александар Македонски, Филип водел тешки војни токму со Илирите, во една битка загубил и едно око, а потоа и со Атињаните на кои им го нанел најголемиот воен пораз.

„Научниот комитет ја заврши работата со своето уество за грчката историја. Потпишан е договор со соседната земја. Грција си ја врати својата античка грчка Македонија. Во новите учебници во Скопје ќе пишува дека Александар Велики е Грк. Преспанскиот договор донесе историски резултати“, напишал на својот Фејсбук, Џорџ Георгиадес.

https://republika.mk/vesti/makedonija/decata-vo-makedonija-kje-uchat-deka-aleksandar-makedonski-bil-grk-a-makedoncite-iliri/