Недела, 29 Март 2020    Печати
Си ги изгубивме честа и достоинството!

65147067 2287365041348246 7648091381163884544 nВесна Наумовска

Им ја дадовме на тацна, и без борба сопствената наша држава,Република Македонија!
Си ги продадовме името, јазикот, идентитетот и историјата!
Ги дадовме на крвниците кои, како зверови не раскомадија на парчиња!
Си ги изгубивме честа и достоинството!
Го дадовме најсветото нешто, македонштината!

Останавме без моралот и етиката поради туѓите страсти!
Се соголивме, се продадовме, и распродадовме на ѓаволот кој не втурна во неговата сурова прегратка!
Станавме сирачиња при жива мајка, која ја погребавме!
Ги погазивме моралните вредности на нашите претци кои,со своите животи, и со сопствената крв ја создадоа нашата татковина!

55752457 2135669743184444 1318300985570885632 n

Лути ни се за нашето предавство!

Во гроб се превртуваат, и постојано не потсетуваат на грешките кои ги направивме!
Постојано не молат да ја исправиме неправдата што ни ја направија предавниците!

Не молат да ја олободиме татковината наша, што во аманет ни ја оставија!!!
Да ги послушаме! Да се побуниме! Да го кренеме својот глас во одбрана и, да ја ослободиме нашата мајка Македонија!

Да ни живее Република Македонија, вечно во срцата наши!

Никогаш, Северна!!!