Понеделник, 30 Март 2020    Печати
Во Македонија земјоделските производи скапуваат по нивите

Cvetan TripunovskiЦветан Трипуновски

Во услови кога низ цел свет недостасува храна заради пандемијата со коронавирус и полиците низ маркетите се празни, во Македонија земјоделските производи скапуваат по нивите.

Во струмичко имаме алармантна ситуација со пролетната зелка, која се откупува по цена на граница на рентабилност и во мали количини, а со сегашната динамика голема е веројатноста дека ќе остане на нивите.

Владата наместо да се заангажира да им помогне на земјоделците и да овозможи извоз, држи празни пресконференции на кои само бројат жртви, без да даде конкретни решенија.

Земјоделците чекаат решение на кризата. Произведеното не смее да остане по нивите.

Земјоделството е дејност која во најголем дел е извозно ориентирана дејност. Доколку се постават правилно политиките нема да има криза ниту за храна во Македонија, ниту пак ќе има криза со земјоделците, кои својот род целосно ќе го продадат.

Предлагам владата со сите свои капацитети и меѓународни контакти да се стави во функција на изнаоѓање пласман на зелката која во нормални услови ќе завршеше за извоз.