Вторник, 31 Март 2020    Печати
ВМРО-ДПМНЕ подава рака за санирање на последиците од пандемијата и економската криза

Повеќе од јасно е дека СДСМ и Заев не знаат и не можат да се снајдат во целата ситуација во која се наоѓа државата поради корона вирусот.

Дупката во буџетот постојано се поместува. Една милијарда и 200 милиони евра за кои Заев зборуваше до пред некој ден, за неколку дена станаа преку 2 милијарди евра.

Повеќе од јасно е дека оваа влада нема ниту стратегија, ниту план, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ веќе три години предупредуваше.

Решението не е во удирањето по џеб на работниците кои и сега едвај преживуваат.

ВМРО-ДПМНЕ нуди помош на владата,  а исто така и на државата кое се состои од неколку  чекори.

Првиот чекор е  благајничките записи од околу 25 милијарди и 200 милиони денари, веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.

Вториот чекор е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ подава рака да се санираат сите последици од пандемијата и од економската криза во која се наоѓа државата. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е во овие услови да се крене стопанството и да може да се одржи економијата.

ВМРО-ДПМНЕ